10 реченици кои ќе ве натераат да застанете на момент и да се замислите за животот

Понекогаш е доволно да прочитате само една реченица која ќе ви го смени погледот на животот и ќе ве потсети колку е краток... Колку животи згаснаа преку ноќ во Кочани, или на улиците низ Скопје? Ценете го секој момент со саканите.  

10-rechenici-koi-kje-ve-nateraat-da-zastanete-na-moment-i-da-se-zamislite-za-zhivotot-01.jpg

Животот навистина е дар кој треба да го чуваме и цениме, иако понекогаш забораваме дека доволен е само миг за целиот свет да ни се сруши. 

Во трката по подобар живот, многумина не обрнуваат внимание на она што го имаат, но колку само е големо каењето кога ќе се случи нешто што не сте го очекувале и ве фатило неподготвени?

Некои животни настани како трагичната несреќа во Кочани, или многуте изгубени млади животи низ улиците на Скопје, нè тераат длабоко да се замислиме и да направиме промени. 

Овие 10 реченици може да ве замислат и да ве натераат да го промените начинот на кој размислувате и гледате на животот:

Ги поминуваме деновите во потрага по нешто што не ни е вистински потребно, како материјални добра, само за подоцна на потешкиот начин да сфатиме дека она што ни е навистина потребно, е цело време пред нас или покрај нас.

Луѓето кои ги сакате денес, можеби веќе нема да бидат тука утре, па не чекајте причина за да им кажете дека ги сакате и да покажете дека се грижите за нив.

Честопати не сфаќаме колку сме благословени, додека не стане предоцна за да бидеме благодарни за тоа.

Животот е кршлив дар – неговата вредност ја сфаќаме само кога ќе се соочиме со можноста да го загубиме.

Во брканицата во која го живеете животот, понекогаш заборавате дека секоја средба може да биде последна со некој што го сакате и дека може да се каете за (не)кажаните зборови или (не)напревените дела.

Моментите кои денес ги земате здраво за готово, утре може да бидат само спомени на кои ќе се сеќавате заекогаш.

Каењето е единствената рана која останува со нас засекогаш, освен ако не одлучиме да си простиме себеси.

Лесно е да заборавите што имате, додека светот не ве потсети на тоа што сте го изгубиле.

Сите нас, нè дели само еден здив од сосема поразлична реалност и судбина, затоа ценете го и славете го секој момент кој го имате како дар од животот.

Секој момент од животот кој го трошите посакувајќи нешто друго, е момент кој никогаш нема да ви се врати во животот – уживајте во секој еден од нив додека ги живеете.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...
Депресија на 12 години, љубов со бугарски тенисер - Животот на Еиза Гонзалес, најубавата латино-акте... „Се сеќавам дека за многу проекти ми велеа: ‘Многу си убава за улогата'. Тоа е т...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...

Најчитани неделава