Брат ѝ ја натерал да стане русокоса, по 30 години се откажа од раководството на Versace: Факти за Донатела Версаче

Го презеде бизнисот кога брат ѝ имаше рак

Во 1993 година, Џани Версаче беше дијагностициран со ретка форма на рак на внатрешното уво. Додека се бореше со болеста, Донатела истапи и неофицијално го презеде бизнисот со модниот бренд.

„Одев во неговиот стан, ќе му покажев што сме сработиле, ќе ми одобреше…

Но, јас ја водев компанијата бидејќи тој не можеше да се појави на работа. Година и пол, јас правев сè“, има изјавено дизајнерката.

Џани го победи ракот, но оттогаш Донатела беше повклучена и во донесувањето важни одлуки.

brat-ja-nateral-da-stane-rusokosa-po-30-godini-se-otkazha-od-rakovodstvoto-na-versace-fakti-za-donatela-versache-07.JPG

Таа го дизајнира легендарниот фустан на Џеј Ло

Фустанот што Џеј Ло го носеше на Греми наградите во 2000 година беше причина Гугл да ја воведе опцијата за пребарување фотографии (Google Images).

Креацијата веќе се нарекува легендарна, а е дело токму на Донатела Версаче. Таа го дизајнирала фустанот како дел од пролетната колекција на Versace, па Џеј Ло не била единствената која го носела.

brat-ja-nateral-da-stane-rusokosa-po-30-godini-se-otkazha-od-rakovodstvoto-na-versace-fakti-za-donatela-versache-08.JPG

Не престанува да му оддава почит на брат ѝ

Џани Версаче беше убиен во 1997 година пред неговиот дом во Мајами. Ова е можеби најголемата трагедија со која се има соочено Донатела, а по неговата смрт, таа го презеде водството на познатиот бренд и беше креативен директор.

Но, не дозволи неговото наследство да биде заборавено. На пример, во 2018 година направи модна линија и ревија во негова чест.

Прочитајте и: Морничавото убиство на Џани Версаче: Бил застрелан пред својот дом, до денес никој не знае зошто

brat-ja-nateral-da-stane-rusokosa-po-30-godini-se-otkazha-od-rakovodstvoto-na-versace-fakti-za-donatela-versache-09.JPG

Се повлече од позицијата во Versace

По речиси 30 години, Донатела одлучи да се повлече од позицијата креативен директор на Versace. 69-годишната дизајнерка водеше стотици модни кампањи за италијанскиот бренд, а работеше и на дизајни на хотели и автомобили.

Таа ќе биде заменета од Дарио Витале, поранешен директор за дизајн на познатиот бренд Miu Miu.

Донатела сега ќе биде главен амбасадор на брендот. Не се откажува целосно од Versace, но сега ќе има помал удел во донесувањето на главните одлуки, а повеќе ќе се фокусира на промоцијата на брендот.

brat-ja-nateral-da-stane-rusokosa-po-30-godini-se-otkazha-od-rakovodstvoto-na-versace-fakti-za-donatela-versache-10.JPG

Донатела се огласи за одлуката со емотивна објава на Инстаграм на 13-ти март 2025:

„Поддршката на новата генерација дизајнери отсекогаш ми била важна. Пресреќна сум што Дарио Витале ќе му се придружи на нашиот тим и возбудена сум што ќе го видам Versace со нови очи.

Сакам да му се заблагодарам на тимот прекрасни дизајнери, како и на сите вработени во Versace со кои бев привилегирана да работам повеќе од три децении.

Најголема чест во мојот живот беше тоа што го продолжив наследството на брат ми Џани. Тој беше вистински гениј, но се надевам дека и јас имам дел од неговиот дух и неговата упорност.

Со мојата нова улога како Главен амбасадор на брендот, ќе останам најстрасниот поддржувач на Versace. Versace е во мојата ДНК и секогаш е во моето срце“.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...

Најчитани неделава