Бившиот дечко ѝ се самоуби, најде среќа со бразилски бизнисмен - Љубовната приказна на една од најубавите тенисерки на денешницата

„Поминав низ многу тежок период и за мене беше многу важно што тој е тука за мене - секогаш ме развеселуваше, се обидуваше да направи нешто забавно. Се обидувам да заборавам на тенисот за момент, да се фокусирам на убавите работи и да уживам во животот со него“ - вели Арина Сабаленка, најдобрата светска тенисерка, за својот партнер.

bivshiot-dechko-i-se-samoubi-najde-srekja-vo-brazilski-biznismen-ljubovnata-prikazna-na-edna-od-najubavite-teniserki-na-deneshnicata-01.jpg

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка, која е број 1 на ВТА листата, не успеа да го освои Ролан Гарос 2025.

Поразот во финалето таа не го припиша на добрата игра на нејзината противничка, победничката Коко Гауф, туку на сопствената лоша игра, поради што многумина заклучија дека Сабаленка е самобендисана и со големо его.

А додека настапуваше на терените во Париз, од трибините ја бодреше нејзиното момче, Бразилецот Георгиос Франгулис.

Парот е во врска повеќе од една година, а првпат беа видени заедно во април 2024.

Ова се случи само еден месец откако почина нејзиното долгогодишно момче, белорускиот хокеар Константин Колцов, кој играше за НХЛ тимот Питсбург Пингвинс и кој учествуваше на две Олимпијади.

Нивната врска започна во 2021 година, а тие често споделуваа заеднички моменти на социјалните мрежи, каде што делуваа среќни и заљубени.

Тенисерката дури и изјави дека тој е мажот на нејзиниот живот.

Но, во март 2024 година, Колцов почина во Мајами, а полицијата ја окарактеризира неговата смрт како самоубиство.

Брзо по ова Сабаленка изјави дека тие не биле во врска во времето на неговата смрт, а дека разделбата меѓу нив била неизбежна.

И покрај тоа што љубовта престанала, Сабаленка кажа дека веста за смртта на поранешниот дечко ја потресла длабоко.

Но, Арина за картко време пронајде нова љубов, овој пат со бразилскиот претприемач Георгиос Франгулис.

Тие првпат беа видени заедно во април 2024, година за време на тенискиот турнир во Мадрид.

„Поминав низ многу тежок период и за мене беше многу важно што тој е тука за мене - секогаш ме развеселуваше, се обидуваше да направи нешто забавно.

Се обидувам да заборавам на тенисот за момент, да се фокусирам на убавите работи и да уживам во животот.

Дури и кога мојата кариера не оди баш најдобро, тој ми е најголема поддршка и навистина сум среќна што е со мене“, рече Сабаленка за својот нов дечко во интервју за списанието People.

Франгулис е основач на брендот за суперхрана Oakberry, познат по своите производи од акаи, а кој има повеќе од 700 продавници низ целиот свет.

Покрај тоа што е успешен бизнисмен, Георгиос е и страстен обожавател на автомобилски трки и учествува во предизвикот Porsche GT3 Cup Challenge.

Роден е и израснал во Сао Паоло, но неговото семејство е по потекло од Солун, Грција.

Арина Сабаленка, пак, е родена на 5 мај 1998 година во Минск и моментално е светски број 1 во женскиот тенис.

Позната по својот моќен сервис и борбен дух, има освоено бројни титули, вклучувајќи три Гренд слем турнири: Австралија Опен во 2023 и 2024 година, како и САД Опен во 2024 година.

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ѝ раскина кога почна да се заљубува во неа - Љубовната приказна на Иванка Трамп и Џаред Кушнер „Кога ѝ раскинав на Иванка, таа ми рече дека тоа е најлошата одлука во мојот жив...
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Имал преку 250 љубовници, син му е бездомник и спие на клупа - Скандалозната приказна на Том Џонс Џонс никогаш не бил премногу дискретен во однос на своите љубовни авантури, а во...

Најчитани неделава