Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто точни
Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што била украдена од Лувр. Древна Грција, пак, имала мошне шарена архитектура и не била воопшто бела како што си ја замислуваме денес.

Историјата е обемна наука и многупати, во недостаток на релевантни докази, но некогаш и поради пропаганда, сме почнувале да веруваме во работи кои не биле точни.
Со текот на времето, некои историски митови станале толку чести, што веќе без двоумење ги прифаќаме како факт.
Вистинските факти зад некои од најпознатите историски митови:
„Мона Лиза“ не била воопшто позната слика
Денес „Мона Лиза“ е најпознатата слика во светот, но со векови, односно до 1911 година, ретко кој ѝ обрнувал внимание. Сликата се прославила во 1911 година, само затоа што била украдена.
Како и денес, и тогаш сликата била изложена во Лувр во Париз, а била украдена од страна на вработен во музејот. Крадецот, кој бил Италијанец, сметал дека сликата треба да биде изложена во музеј во Италија.
Сликата конечно била лоцирана две години откако била украдена и кога ја вратиле во Лувр, луѓето масивно оделе да ја видат.
Наполеон Бонапарта не бил низок
Ако има еден факт за Наполеон Бонапарта што го знаат сите, тоа е дека бил низок.
Но, ова е мит кој се прославил благодарение на британските сатирични стрипови што се објавувале во весниците.
Се претпоставува дека Наполеон имал околу 170 сантиметри, што во тој период била просечна висина за маж.
Што значи, за денешни стандарди можеби би се сметал за понизок од просекот, но во тој период, имал просечна висина.
Архитектурата во древна Грција била мошне шарена
Белите мермерни статуи, столбови и згради ја претставуваат нашата перцепција за Древна Грција.
Но, во древното минато Грција била мошне шарена – мермерните статуи биле обоени со шарени бои, исто како и градбите. Но, по многу векови, боите избледнале, па кога археолозите почнале да наоѓаат градби, статуи и други артефакти од Древна Грција, мислеле дека доминирала белата боја.
Верувањето било зацврстено од историчар на уметноста од 18-ти век кој сметал дека Грците белиот мермер го гледале како врв на естетика и одбивал да прифати дека всушност сè било шарено.
Па, низ годините митот само се прославувал и ни останало верувањето дека Древна Грција била бела.
Како навистина изгледала Древна Грција е одлично прикажано во видеоиграта Assassin’s Creed Odyssey.
Вештерките во Сејлем не биле палени на клада
Постои верувањето дека за време на озлогласениот лов на вештерки во американскиот град Сејлем, жените биле спалувани на клада.
Во Европа, ова било пракса и многу жени кои биле обвинети дека се вештерки биле запалени живи.
Но, не и во Сејлем. Овде жените биле убивани со бесење, а телата им ги палеле отпосле.
