За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит Макрон?
Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена со остар ум, која секогаш отворено застанува во одбрана на мајка ѝ од разните напади и во јавноста и медиумите. Што знаеме за најмалото од трите деца на Брижит Макрон?

Тифен Озиер (41) е најмладото дете на првата дама на Франција, Брижит Макрон.
Таа живее далеку од сјајот на претседателската палата, но и покрај тоа постојано е во центарот на вниманието на јавноста, која будно го следи секој нејзин чекор.

Тифен е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, која ја следи репутација на жена со остар ум, дама која се борби за правда и која секогаш отворено застанува во одбрана на нејзината мајка од разните дезинформации и напади и во јавноста и во медиумите.
Обиожава коњи и се натпреварувала во коњички спортови.

Иако потекнува од едно од најпознатите семејства во Франција, таа самата го креирала својот пат.
Пораснала во Амиен, во семејство кое било почитувано и познато по производството на чоколадото Trogneux.

Таа имала околу 9 или 10 години, кога нејзината мајка Брижит ја започнала врска со тогаш 15-годишниот Емануел Макрон, кој бил нејзин ученик.
Ова веднаш предизвикало силен бран критики во нивниот мал град, а од скандалот не биле поштедени ни децата на Брижит - синот Себастиен (сега 50) и ќерките Лоренс Озиер (сега 48) и Тифен (сега 41).

