За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит Макрон?

Иако ситуацијата била болна за нивното семејство, Тифен денес ја опишува како нешто што ѝ дало можност да порасне и да ги прошири своите хоризонти.

Таа студирала право на Пантеон-Сорбона, специјализирала за трудово право и го положила правосудниот испит во 2009 година.

za-majka-i-velat-deka-e-transrodovo-lice-ochuvot-i-e-pomlad-od-sestra-i-koja-e-kjerkata-na-brizhit-makron-05.jpg

Почнала да работи во регионот на горна Франција, во Лил и Булоњ-сур-Мер, бранејќи ги работниците и синдикатите.

Во 2020 година ја основала адвокатската канцеларија Challenges Avocats каде што е адвокат и партнер.

za-majka-i-velat-deka-e-transrodovo-lice-ochuvot-i-e-pomlad-od-sestra-i-koja-e-kjerkata-na-brizhit-makron-11.jpg

Во март 2024 година, го објавила својот прв роман, Assises, судска драма инспирирана од нејзините искуства како адвокат, а фокусирана на прашањето за семејното насилство.

Истата година, таа се приклучи на популарното телевизиско шоу Touche Pas à Mon Poste како редовен соработник на правни теми.

za-majka-i-velat-deka-e-transrodovo-lice-ochuvot-i-e-pomlad-od-sestra-i-koja-e-kjerkata-na-brizhit-makron-02.jpg

Има две деца и беше во брак со Антоан Шато, но се разведоа на почетокот на 2025 година.

Според француските медиуми, причината за ова е аферата на Тифен со водителот Сирил Хануна, но, тоа досега не е потврдено.

za-majka-i-velat-deka-e-transrodovo-lice-ochuvot-i-e-pomlad-od-sestra-i-koja-e-kjerkata-na-brizhit-makron-08.jpg

Инаку, Тифен честопати јавно ја бранела својата мајка од навредливи и неосновани озборувања, а најгласна е против тврдењата дека Брижит Макрон е трансродово лице по име Жан-Мишел.

Во интервјуата, таа често ја истакнува опасноста и разорниот ефект на дезинформациите и ги поддржува тужбите што Брижит ги покренала против лица кои шират такви лаги.

za-majka-i-velat-deka-e-transrodovo-lice-ochuvot-i-e-pomlad-od-sestra-i-koja-e-kjerkata-na-brizhit-makron-04.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Роден е од афера со стјуардеса, не може да го наследи тронот - Кој е вонбрачниот син на принцот Албе... „Мојот татко ме призна кога бев бебе, и тоа беше доброволно - не поради тоа што ...

Најчитани неделава