Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја понижуваше
Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди – двапати имала спонтан абортус, а еднаш родила и дете кое починало по само 39 часа. Никогаш не ја преболела смртта на првиот сопруг, додека вториот ја понижуваше.

Џеки Кенеди важи за една од омилените први дами на САД, а нејзината популарност не се намалува ни три децении откако почина.
Иако можеби има период кога многумина завидувале на нејзината популарност и нејзиниот раскошен живот, факт е дека Џеки се соочила со бројни трагедии.
И, убиството на нејзиниот прв сопруг – претседателот Џон Ф. Кенеди – не била единствената голема болка што ја почувствувала.
Тажни детали од животот на Џеки Кенеди:
Родила мртво дете
Џеки и Џон Кенеди се венчаа во 1953 година. Тогаш Кенеди уште не беше избран за претседател, но беше истакната личност во САД, па свадбата на парот привлекуваше внимание.
Американките медиуми ја опишуваа и како најубавата свадба на сите времиња.
Две години по венчавката, Џеки останала бремена. Но, во третиот месец го изгубила детето.
Набрзо потоа повторно останала бремена, но бебето се родило мртво.
И покрај големата загуба, таа и сопругот не се откажувале, па во 1957-ма добија ќерка.
Откако Кенеди беше избран за претседател, тие добија и син.
Изгубила уште едно дете
По раѓањето на второто дете, Џеки и претседателот решиле да се обидат да добијат и трето. Но, синот се родил пет недели порано и починал само 39 часа подоцна.
Сето ова се случувало во Белата куќа, па поранешни вработени имаат откриено дека оваа загуба била една од најголемите за семејството.
Некои велат и дека смртта на синот како да ги зближила.
„Пред трагедијата, беа повоздржани и избегнуваа да ја покажуваат нивната љубов во јавност. Загубата на син им како да го промени сето ова“.