Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја понижуваше
По смртта на сопругот, размислувала за самоубиство
Само четири месеци по смртта на бебето, Џеки се соочила со нова трагедија – убиството на нејзиниот сопруг.
Џон Ф. Кенеди беше убиен во ноември 1963 година во Далас, Тексас.
Претседателот и Џеки беа дел од парада, во автомобил кој се движеше бавно, кога тој беше застрелан и убиен пред Џеки, но и огромна толпа луѓе.
Џеки била гневна за убиството на сопругот и ѝ било толку тешко да се справи со неговата смрт, што не можела ни да гледа негови фотографии.
За да се справи со болката, почнала да се изолира, но и да пие многу алкохол. Извори блиски до неа велат дека чувствувала и огромна вина бидејќи не успеала да го заштити сопругот.
Извесен период била толку депресивна, што размислувала и за самоубиство.
Нејзиниот втор брак беше исполнет со предавства
Џеки стана вдовица на само 34-годишна возраст, но некако успеа да продолжи со животот.
Пет години по убиството на Кенеди, таа се венча со нафтениот тајкун Аристотел Оназис кој тогаш беше и најбогатиот човек во светот.
Но, Аристотел важел за контроверзна личност не само во бизнис сферата, туку и во приватниот живот.
Од ФБИ имале отворено истрага за него, а додека беше во брак со првата сопруга, имаше афера со оперската пејачка Марија Калас која не ни пробуваше да ја скрие.
Тој ја продолжи аферата со пејачката дури и откако се венча со Џеки.
Џеки не добивала никакво внимание од него, а односот меѓу нив беше толку влошен, што Аристотел во јавност а нарекуваше „вдовица“ и „вештерка“.
Впрочем, изгледа како тој вистински да ја мразел Џеки бидејќи во 1972 година, им помогнал на неколку медиуми да допрат до нејзини разголени фотки.
Нормално, ова беше скандал од голем размер и практично ја уништи репутацијата на некогашната прва дама.
Истата година, Џеки и Аристотел почнаа постапка за развод, но богаташот почина пред да го финализираат.
Почина од рак
На 64-годишна возраст, Џеки Кенеди беше дијагностицирана со рак, поточно не-Хочкин лимфом кој зафатил дел од нејзините гради, врат и стомак.
На почетокот лекарите имале добра прогноза и Џеки веднаш почнала ад прима терапија.
Но, состојбата почнала да ѝ се влошува, па во 1994 година, Џеки ја изгуби битката со болеста.
Последните мигови од животот Џеки ги поминала со нејзин поранешен партнер, со кого имала врска по убиството на Кенеди, а пред бракот со Аристотел.
По нејзината смрт се дозна дека поранешниот партнер вистински ја сакал и сакал да се венчаат, но таа одбивала.
Тој има изјавено дека Џеки го побарала откако ја добила дијагнозата и извесен период била убедена дека ја победила болеста.
Истовремено, му кажала дека никогаш не ја преболела смртта на првиот сопруг.
Спирова С. | Црнобело