Роден е од афера со стјуардеса, не може да го наследи тронот - Кој е вонбрачниот син на принцот Алберт од Монако?
Принцезата Стефани, која е сестра на принцот Алберт, е негова кума.
„Таа е многу забавна и едноставна. Близок сум со неа, често вечеравме или ручавме заедно низ годините за да го прославиме мојот роденден со роднините.
Таа секогаш беше тука за мене и како кума и како тетка“, рекол Александар во една пригода.

Александар не се смета себеси за дете „родено надвор од брак“ и го носи презимето на својот татко, Грималди, што принцот Алберт самиот го дозволи.
„Мојот татко ме призна кога бев бебе, и тоа беше доброволно - не поради тоа што судот или медиумите кои го натерале да го стори тоа“ - кажал Александар.

Студирал менаџмент на Royal Holloway College во Велика Британија, пред да се пресели во Америка.
За него, завршувањето на универзитетот било приоритет во животот.
Тој покажува голема свест за животната средина - загрижен е за климатските промени и проблемите со животната средина и верува дека е должност на човештвото да ја заштити природата.

Александар има постара полусестра, Јасмин Грејс Грималди, за која изјавил дека ја сака колку што ги сака своите помлади браќа и сестри, принцот Жак и принцезата Габриела.
Тој има и двајца полубраќа од страната на мајка му.

Иако не е потврдено, се верува дека Александар е во врска со Савана Хенеси, која потекнува од познато семејство од светот на коњаниците и внука на принцезата Барбара Орлеанска.
Александар обожава да гледа филмови во кои глумела неговата баба, Грејс Кели.

А. Ј. | Црнобело
