Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со третата изгуби сè
По неуспешниот прв брак, шахот бил под притисок да обезбеди машки наследник, па кога ја запознал Сораја Есфандијари, млада Иранка која пораснала во Европа, скоро веднаш ја запросил.
Во тоа време таа имала само 18 години.
Се венчале во 1951 година во Техеран, но почетокот на нивниот заеднички живот бил обележан со сериозната болест на Сораја.
Според приказните, шахот секој ден оставал по еден дијамант на нејзината перница додека таа закрепнувала.
Но, нивната приказна почнала да бледнее кога се дознало дека Сораја не може да има деца.

Откако лекарите во Америка ја потврдиле дијагнозата, притисокот од царскиот двор и од државата станал преголем.
Поради ова, парот морал да се разведе, а Сораја подоцна рекла дека со овој чин е жртвувана нејзината среќа.
По разводот, таа се обидела да изгради живот во Европа, почнала и да глуми, но никогаш повеќе не се омажила.
Пред смртта на шахот во 1980-та година, посакала да го види уште еднаш, но средбата никогаш не се случила.
Сораја почина во 2001 година.

Третата и последна сопруга на шахот е Фара Диба, родена во 1938 година во Техеран.
Тие се запознале за време на посетата на шахот во Париз, каде што таа студирала архитектура, а на прием во иранската амбасада.
Нивната врска набрзо станала сериозна и се венчале во 1959 година.
Веднаш потоа земјата ги впери сите очи кон неа, зашто сите очекуваа да роди наследник.

Веќе следната година роди син, принцот Реза Пахлави, а потоа уште три деца: Фараназ, Али Реза и Лејла. Со ова, си ја зацврсти позиција на дворот.
По Исламската револуција во 1979 година, таа замина со својот сопруг во егзил, прво во Египет, а потоа во САД.
Шахот почина кратко по ова, во 1980 година, а Фара го продолжи својот живот во странство, но во голем луксуз.
Но, таа доживеа и семејни трагедии, вклучувајќи ги и смртта на нејзината ќерка Лејла и на нејзиниот син Али Реза.

Прочитајте и Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран?
А. Ј. | Црнобело
