„Не си ти луда, само тој досега бил со здодевни жени“ и уште 15 кул цитати (во кои се пронајдов)
„Само Chat GPT и ја знаеме како ми е“, „Сега се родив во држава без море и никогаш повеќе“, „Не ми треба мене никаков Ретрограден Меркур да ми го упропасти животот. Јас сето тоа го можам сама“.... Се пронаоѓате ли и вие?

Јас сум махер за драма, но и да ги потценам на миг добрите луѓе, какви што веќе ретко „се произведуваат“... Дали и вие?
Вистина е! Жени сме, луди сме (на моменти)...
Дел од цитатите во кои верувам ќе се пронајдете и вие:
„Не си ти луда, само тој досега бил со здодевни жени“.
„Само Chat GPT и ја знаеме како ми е“.
„Животот обично ги гази оние кои ниту на мравка не би згазиле“.
„Црната овца во семејството често е единствената што ја зборува вистината“.
„’Не знам јас ништо’ и ќе живееш 100 години“.

„Па, каде ќе ти оди душата? – На море!“
„Мајка ми слуша дури и кога превртувам со очи преку телефон“.
„Простуваше сè за кое требаше да испратиш некого во неповрат“.
„Флека на тебе ќе бараат оние кои се нечисти до врат“.