Најемотивните стихови од песните на Владо Јаневски: „А над мене ќе никнат булки, црвени ко мојта крв“
„Ако не те сакам“
Сегде околу нас љубов евтина
со рака просјачка и мантил искинат.
Но мојата ќе трае сè дури сум жив
твојто име да е мој последен здив.
Ако не те сакам - зошто ми е мака
кога ноќ ќе падне и ќе ми помине без тебе?
Ако не ми требаш тогаш што ми прави
кога ќе ме гушнеш светла топлина во гради?
Ако не те сакам - зошто боли вака
секој Божји ден
што ќе ми помине без тебе?
Ако не ми требаш зошто суша
ти ми оставаш во душа
кога и да заминеш?
„Две души и месечина“
Цела ноќ во височина
пловеа гушнати две души и месечина.
А јас и ти - бегалци од овој свет
што љубовта ја учат напамет.

„Ваков или таков“
Денеска сум крал на блесок магичен
утре може в кал ко лузер обичен.
Ваков или таков ќе им мине меракот
- само ти ќе ме сакаш еднакво.
Денес имам сто крила да полетам
утре пак на дно штом ќе им здосадам.
Вака или така ќе си мине времето
- само ти ќе ме сакаш еднакво.
„Еден бакнеж“
Сè откако знам
усни дарувам, а срце не.
Не те познавав,
а го сочував за тебе.
И само чекав ден
да ме одведе до твојот праг.
Чувај го добро
одамна ти следи траг.
Еден бакнеж и магија се стори
мојто срце капија ти отвори
потпиши се преку лузни стари,
после твојто име точка стави
пред тебе што било да заборави.

„Повторно се заљубувам во тебе“
Пишува во книгите на мудрости
човек жив со време сè ќе научи.
Точно е и звучи како вистина,
но не и во љубовта.
А нашата еднаш блескаше ко сонце
и сè уште в срце ми тлее светлина,
а тоа што за тебе знам скоро сè
малку ми помага.
Повторно се заљубувам во тебе
ко лавиринт темен срцево ми е,
но само љубовта ко тајна лозинка
до тебе пак ме донесе.
„Парче душа“
Парче душа продавам
во секој град, на секој друм
да љубам и да оставам
како од Бога под ова небо
проклет сум.
„Чаирска романтика“
Ноќеска дојди ми на романтика,
усните твои да ми станат навика.
Растопи ме како свеќа,
Јас и ти - камо среќа
да ми дојдеш на романтика.

„Што и да е, ќе помине“
Малечок бев и уште не знаев
дека плачат и возрасни
одеднаш, глеј, врз мојот хартиен змеј
капнаа солзи на мајка ми.
Восочни лица, оловна тишина
и прекриени огледала, еве ти парен број
донесе стариот мој и тивко шепна:
Најмила, не ти е лесно знам
мислиш светот се распаднал,
а секое лошо за добро е
што и да е ќе помине...
„Од овој ден“
Од овој ден ти си ми единствена
и погледни на дланка си ми пишана,
ко златна до срце линија засекогаш крај мене најмила.
Од овој ден ти си сè што ми е свето
и погледни само за нас времето,
од рози пат распостила
и одам до крај со тебе најмила.
„Не заборавај да се сетиш на мене“
А денови минат спомени крај им нема
и ко за инат сè повеќе ми треба
допирот твој и кожа што на цимет мириса.
Не заборавај да се сетиш на мене
овде умирам полека секој ден.
Боже, провери може веќе е време
заедно пак да се будиме.
„Кој е крив“
И пак на една стара песна кршам радија
течат зборој ко од чешма да ме напијат
велат: Далеку од очи - љубов кратка е
а некој мора одозгора се да расипе.
Џабе праќам пораки до твоите јастуци
и мислам дали друг те гали кога спиеш ти.
Кој е крив? Дал’ Бог ил’ судбина?
Игра ли играчки со нас?
Откако те немам веќе - ко да не сум жив,
кажи кој, кажи кој е крив?
„И тогаш некоја будала“
Кога праша некој велам: „Добро сум и среќа сам си одбирам“.
Сѐ ми е музика и пиво,
лесни девојки и друм - ниедна тага не ме допира.
Сиот свет го мачи мака љубовна,
а јас се смешкам во себе.
Ма, нигде нема таква срце што ми сронила,
најдобро е вака, кога љубам без да сакам.
И тогаш некоја будала,
ќе го спомне ко на шала,
твојто име, а јас без глас ќе те проколнам,
што не знам да те преболам.
„Дома си е дома“
Само дома си е дома
ми шепне секој друм
каде и да одам во мисли таму сум
на Велигден штом ѕвона забијат
милион ѕвезди горат за Македонија.

„Тајна отровна“
Секој пат штом ѕвездите направат
свод над мојта глава,
чекам да ме повикаш
од другиот да те крадам.
Доаѓаш облечена во мириси на зумбули
набрани во туѓи градини.
Ти си тајна отровна од сите што ја кријам,
кога крв ми зоврива и не дава да спијам,
сè што разум зборува срце не може да чуе,
љубовта ме лекува љубовта и ќе ме отруе.
„Црно Тиквешко“
На полноќ се палат запалки
На полноќ се љубат сказалки,
а кому ли она вечерва
нуди усни место вечера?
На срце се топат снегови,
а она под прсти негови
Ајде, дечко, уште литар дај
Божја крв од нејзиниот крај.
„Евергрин“
Јас само чекам од негде да се појавиш
дека сум овде може некој ќе ти дојави?
Иста маса, исто место, втората од десно,
ама датумот е друг.

А. Ј. | Црнобело