Габриел Гарсија Маркез: „Јас не сум богат. Јас сум сиромашен човек со пари“

Тој е колумбиски писател, новинар, издавач и политички активист. Поголемиот дел од животот го поминал во Мексико и во Европа.

gabriel-garsija-markez-jas-ne-sum-bogat-covek-jas-sum-siromasen-covek-so-pari-01

Се смета за најпознат писател на магичниот реализам, односно жанрот во кој се преплетуваат митовите и магијата со реалноста и секојдневната егзистенција.

Добитник е на Нобеловата награда за книжевност од 1982 година, а неговото најпознато дело „Сто години самотија“ е продадено во над 30 милиони примероци.

Многу од неговите мисли се често цитирани и споделувани затоа што оставиле значен белег:

„Никој не ги заслужува твоите солзи, затоа што оној што е вреден никогаш нема да те натера да плачеш“.

„Мажот знае дека пораснал кога почнува да наликува на својот татко“.

„Не е вистина дека луѓето не ги исполнуваат своите соништа затоа што пораснале, туку пораснале затоа што престанале да ги остваруваат своите соништа“.

„Меморијата на срцето го елиминира лошото и го зголемува доброто“.

„Секогаш запомни дека во бракот не е најважна среќата, туку стабилноста“.

„Не, јас не сум богат. Јас сум сиромашен човек со пари, а тоа не е исто“.

„Не верувам во Господ, но се плашам од него“.

„Ако Бог не одморал седмиот ден, можел да го доврши светот“.

„Луѓето го трошат животот размислувајќи како сакаат да живеат. Ги прашував пријателите и на никого не му беше јасно како. Мене секогаш ми било јасно. Би сакал да е како што беа годините кога ја пишував „Љубов во време на колера“.

„Оној кој чека премногу долго, може да очекува нешто мало“

Би можело да ве интересира:

12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...
Многу улици немаат имиња и уште 7 луди факти за животот во Јапонија Повеќето Јапонци се опседнати со мајонез, многу улици низ градовите воопшто нема...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...
Депресија на 12 години, љубов со бугарски тенисер - Животот на Еиза Гонзалес, најубавата латино-акте... „Се сеќавам дека за многу проекти ми велеа: ‘Многу си убава за улогата'. Тоа е т...
„Не си ти луда, само тој досега бил со здодевни жени“ и уште 15 кул цитати (во кои се пронајдов) „Само Chat GPT и ја знаеме како ми е“, „Сега се родив во држава без море и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg