16 арапски поговорки кои ќе ви го разбистрат умот

Од историска перспектива, Блискиот Исток отсекогаш претставувал лулка на цивилизацијата од каде се појавиле најубавите и најдлабоките мисли за животот.

16-arapski-pogovorki-koi-kje-vi-go-razbistrat-umot-001.jpg

Со своите топли бои, тесни улички, жешко сонце, прекрасни фустани и карвани кои мирно се движат по врелиот песок на пустината, ова место на Земјата е вистински магнет за сите они кои сакаат да ги научат тајните за древната мудрост.

Поговорките кои следат ќе ви доловат дел од мудроста која со години се пренесувала од колено на колено.

1. Отвори ја устата само ако имаш да кажеш нешто поубаво од тишината.

2. Армија овци предводена од лав ќе победи армија лавови предводена од овца.

3. Една грешка носи двојна несреќа.

4. Верувај во она што ќе го видиш и остави го настрана она што ќе го чуеш.

5. Ветровите дуваат секогаш спротивно од тоа што бродовите сакаат.

6. Ако сте наковална, бидете трпеливи; ако сте еден чекан, удрете силно.

7. Оној кој бара безгрешен пријател на крајот останува сам.

8. Онаму каде сонцето сјае цел ден се создава пустина.

9. Одгледувајте зелено дрво во срцето и можеби еден ден некоја птица песнопојка ќе слета на него.

10. Гордоста во поразите те прави добар човек. Надминувањето на гневот те прави весел човек. Надминувањето на страста те прави успешен човек. Надминувањето на алчноста те прави среќен човек.

11. Не можете да контролирате друг, ако не можете да се контролирате себеси прво.

12. Ако се плашите од нешто – не го правете го; ако го правите – не плашете се!

13. Победата покажува за што сте способни; поразот покажува колку навистина вредите.

14. Не отворајте врата која не можете да ја затворите.

15. Мажите кои не им ги простуваат малите грешки на жените никогаш нема да уживаат во нивните вистински умешности.

16. Ако му ги доверите тајните на ветрот, не го обвинувајте што им ги пренел на дрвјата. 

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сакаат насмеани луѓе и уште 9 забавни факти за козите Козите се познати по нивната способност да напредуваат во различни средини. Искл...
Ги создал атомските бомби фрлени во Јапонија, починал од тешка болест – Кој бил Опенхајмер? Бил згрозен од разорната моќ на атомските бомби што ги создал, живеел со голема ...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Двапати имаше рак на дојка, беше во брак со нејзиниот телохранител: Факти за пејачката Анастасија И покрај бројните проблеми со здравјето, како Кроновата болест и двете дијагнози...
Од дете на бегалци до кралица на која сите ѝ се восхитуваат – Факти за Ранија, кралицата на Јордан Побегнала од Кувајт кога имала само 21 година, работела во банка, а денес е крал...
Отровни фустани, црни заби: Бизарни трендови за убавина од минатото Славните личности, кои се главните трендсетери во светот на модата, неретко знаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg