Двапати имаше рак на дојка, беше во брак со нејзиниот телохранител: Факти за пејачката Анастасија

И покрај бројните проблеми со здравјето, како Кроновата болест и двете дијагнози за рак на дојката, американската пејачка Анастасија изгради успешна кариера, а активна е и денес. Се сеќавате на нејзините хитови од 2000-тите?

dvapati-imashe-rak-na-dojka-beshe-vo-brak-so-nejziniot-telohranitel-fakti-za-pejachkata-anastasija-01.jpg

Анастасија е американска пејачка која беше една од најголемите музички ѕвезди во раните 2000-ти.

Со хитовите како I’m Outta Love и Left Outside Alone, но и специфичниот глас и очилата за сонце што ѝ станаа заштитен знак, извесен период Анастасија беше најслушаната американска пејачка.

Иако денес можеби не ја ужива истата популарност, Анастасија уште се занимава со пеење, а служи и како инспирација за бројни жени поради многуте проблеми со здравјето што ги надмина.

Неколку факти за животот на Анастасија, но и што прави денес:

Родена е во 1968 година во Чикаго

Татко ѝ на Анастасија бил пејач кој настапувал во клубови, додека мајка ѝ била актерка на Бродвеј.

Кога пејачката имала пет години, нејзините родители се разделиле, односно татко ѝ го напуштил семејството.

dvapati-imashe-rak-na-dojka-beshe-vo-brak-so-nejziniot-telohranitel-fakti-za-pejachkata-anastasija-02.jpg

Никогаш не го подобрила односот со татко ѝ

Наводно, тој сакал да стапи во контактот со неа откако станала позната, но Анастасија одбила.

„Немам желба да го знам татко ми. Брат ми, сестра ми и јас го заборавиме и не сме зборувале со него многу години.

Никогаш не стапил во контакт со нас откако се разделија со мајка ни“, има изјавено пејачката во интервју во 2004-та.

Татко ѝ почина следната година.

dvapati-imashe-rak-na-dojka-beshe-vo-brak-so-nejziniot-telohranitel-fakti-za-pejachkata-anastasija-03.jpg

На 13 години била дијагностицирана со Кронова болест

Низ годините, пејачката се соочи со бројни проблеми со здравјето.

Најпрво ѝ била дијагностицирана Кронова болест, кога имала само 13 години.

Ова е хронична болест која предизвикува воспаление на дигестивниот систем, а поради неа, пејачката речиси ќе завршела во инвалидска количка.

Но, не дозволила дијагнозата да ја запре во намерата да стане успешна.

dvapati-imashe-rak-na-dojka-beshe-vo-brak-so-nejziniot-telohranitel-fakti-za-pejachkata-anastasija-04.jpg

Ја почнала кариерата како танчарка

Во 1983 година, Анастасија сонувала да стане танчарка и се фокусирала на тоа.

Станала релативно успешна, но во 1987-ма, повторно ѝ се влошиле симптомите од Кроновата болест.

По кратка пауза, Анастасија се појавила во неколку популарни музички спотови и почнала да се прославува уште повеќе.

dvapati-imashe-rak-na-dojka-beshe-vo-brak-so-nejziniot-telohranitel-fakti-za-pejachkata-anastasija-05.jpg

Извесен период била придружен вокал

На почетокот на 1990-тите, Анастасија почнала да се занимава и со пеење и била придружен вокал на неколку познати музичари.

Во 1992-ра првпат настапила како соло изведувач и за помалку од една деценија, успева да стане најпознатата американска пејачка.

dvapati-imashe-rak-na-dojka-beshe-vo-brak-so-nejziniot-telohranitel-fakti-za-pejachkata-anastasija-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...

Најчитани неделава