Двапати имаше рак на дојка, беше во брак со нејзиниот телохранител: Факти за пејачката Анастасија

Имаше рак на дојката

Во 2003 година, Анастасија беше дијагностицирана со рак на дојка.

Тој период не беше во можност да снима, но откри дека целото време го минувала во пишување нова музика и го подготвувала третиот студиски албум.

Откако ја победи болеста, Анастасија издаде некои од нејзините најпознати песни, како Left Outside Alone.

Притоа, за третиот и четвртиот албум, освои и многу музички награди.

dvapati-imashe-rak-na-dojka-beshe-vo-brak-so-nejziniot-telohranitel-fakti-za-pejachkata-anastasija-07.jpg

Повотрно беше дијагностицирана со рак на дојка

Во 2013 година, пејачката откажа цела турнеја во Европа и набрзо подоцна откри дека повторно добила дијагноза за рак на дојката.

Поради нејзината вклученост во зголемувањето на свесноста за оваа болест, таа доби награда за хуманитарност, и тоа на доделувањето Men of the Year Awards на магазинот GQ.

Со ова, таа стана втората жена во светот која добила наградата на овој настан кој е всушност посветен на мажи.

dvapati-imashe-rak-na-dojka-beshe-vo-brak-so-nejziniot-telohranitel-fakti-za-pejachkata-anastasija-08.jpg

Имаше неколку неуспешни врски

Од 1994 до 2001 година, Анастасија беше во врска со актерот Шон Вудс.

Сепак, таа му раскина откако дозна дека ја изневерувал.

Потоа таа имаше сериозна врска со германски диџеј, но се разделија по само една година.

dvapati-imashe-rak-na-dojka-beshe-vo-brak-so-nejziniot-telohranitel-fakti-za-pejachkata-anastasija-09.jpg

Беше во брак со нејзиниот телохранител

Во 2006 година, Анастасија се сврши со нејзиниот телохранител. Тие се венчаа во 2007 година, а пејачката ги посвои двете деца на телохранителот од претходна врска.

Сепак, во 2010-та тие поднесоа барање за развод, наводно поради „ненадминливи разлики“.

Подоцна, пејачката ја објави песната Pendulum за нејзиниот развод:

„Песната е за распаѓањето на мојот брак, но сепак е убава. Мислам дека тој период малку се изгубив себеси“.

dvapati-imashe-rak-na-dojka-beshe-vo-brak-so-nejziniot-telohranitel-fakti-za-pejachkata-anastasija-10.jpg

Нема деца и вели дека воопшто не жали за тоа

Анастасија нема свои биолошки деца и вели дека иако сакала, никогаш не зажалила што не станала мајка.

„Децата ми се голема слабост. Сакам да ги заштитам, да ги усреќам, да ги сакам… Мислам дека се прекрасни.

Јас никогаш немав деца, но тоа не значи дека не сум сакала, а не значи ни дека жалам за тоа“.

Пејачката неколкупати има изјавено дека сакала да се фокусира на кариерата, наместо да основа семејство.

„Не чувствувам дека сум помалку жена бидејќи сум немала дете. Се чувствувам како жена бидејќи го правам она што е правилно за мене“.

dvapati-imashe-rak-na-dojka-beshe-vo-brak-so-nejziniot-telohranitel-fakti-za-pejachkata-anastasija-11.jpg

Уште е активна на музичката сцена

Пејачката уште настапува и објавува песни.

Истовремено, таа беше и дел од шоуто The Masked Singer Australia во 2021 година, каде и што победи.

Активна е и на Инстаграм каде што има 343.000 следбеници.

Во 24-годишната кариера, Анастасија има продадено 50 милиони албуми и синглови низ 19 држави.

dvapati-imashe-rak-na-dojka-beshe-vo-brak-so-nejziniot-telohranitel-fakti-za-pejachkata-anastasija-12.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...

Најчитани неделава