16 цитати од мајсторот на хорор приказните Стивен Кинг

Автор на 54 импресивни книги и скоро 200 кратки приказни, Стивен Кинг е ненадминат мајстор на хорор приказните и научната фантастика. Со неверојатно чувство за детали, внатрешни монолози и способност да формира мисловни сложувалки, Кинг е приказна сама по себе, за кого не постои еквивалент во книжевноста.

16-citati-od-majstorot-na-horor-prikaznite-stiven-king-001.jpg

Американецот роден во 1947-та година започнал да пишува од забава уште кога бил дете, бидејќи имал бујна имагинација, но и прилично тешко и мачно детство. Дел од критичарите сметаат дека некои несреќни епизоди и трауми оставиле длабока трага врз Кинг и го обликувале во автор каков што е денес.

Кинг се борел со зависности и пороци кои му го грицкале животот, но не и неговиот талент за пишување.

Дел од неговите најпознати дела се екранизирани и запечатени со култен статус во историјата, како во книжевна, така и во филмска форма.  

Романот „It“ со неверојатни 1074 страници се чита во рок од неколку дена, а „The Shining“, „Carrie“, „Misery“, „Pet Sematary“, „The Green Mile“, „11/22/63“ пополнуваат само мал дел од успешната плодна кариера на Кинг.

Ќе ја преиспитате вашата љубов кон миленичињата и кловновите, ќе се запрашате дали е возможно патувањето низ времето и уште еднаш ќе си потврдите зошто осамените мотели го уживаат стереотипот на чукнати и морбидни места.

Несомнено, Стивен Кинг има уникатен и според многумина, изопачен ум.

Ова се најинтересните цитати кои излегле од него:

1. „Најважните работи се најтешки за кажување, бидејќи зборовите ги смалуваат.“

2. „Љубовта не е нежна како што кажуваат оние поети. Љубовта има заби кои гризат и раните никогаш не се затвораат.“

3. „Чудовиштата се реални, исто како и духовите. Тие живеат во нас и понекогаш, тие победуваат.“

4. „Измислуваме хорор приказни за да ни помогнат да се соочиме со оние вистинските.“

5. „Имаше период кога мислев дека можеби не сум доволно добар за да ми ги издадат книгите.“

6. „Луѓето сакаат да знаат зошто го правам ова, зошто пишувам толку одвратни работи. Сакам да им кажам дека имам срце на мало момче... и го чувам во тегла на моето работно биро.“

7. „Книгите се уникатна пренослива магија.“

8. „Талентот е поевтин од сол. Она што го издвојува талентираниот од успешниот е многу труд.“

9. „Гласот на Ѓаволот е сладок за слушање.“

10. „Господ е суров. Понекогаш те тера да живееш.“

11. „Францускиот е јазик кој ја претвора нечистотијата во романса.“

12. „Само непријателите ја зборуваат вистината, пријателите и љубовниците бескрајно лажат, фатени во мрежата на обврската.“

13. „Претпоставувам дека кога ќе скршнеш од главниот пат, мора да бидеш подготвен да видиш некои смешни куќи.“

14. „Кога ме прашуваат „Како пишуваш“?, речиси секогаш без исклучок одговарам: „Збор по збор“.“

15. „Секој живот си создава своја имитација на бесмртност.“

16. „САМ. Тоа е клучниот збор, најужасниот збор во јазикот. УБИСТВО може да му носи вода, а ПЕКОЛ е само слаб синоним.“

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...
„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џ... „Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - ц...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
„Среќниот крај не може да дојде во средината на приказната“ - Најубавите цитати на Питер Бигл Питер Сојер Бигл (роден на 20 април 1939) е американски писател на фантастика и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg