8 пати кога Бред и Анџелина зборуваа еден за друг и нè натераа да веруваме во вечна љубов

Најмоќниот холивудски пар, Бред и Анџелина, ни ги скрши срцата кога објави дека се разведува по повеќе од една деценија заеднички живот.

8-pati-koga-bred-i-angelina-zboruvaa-eden-za-drug-i-ne-nateraa-da-veruvame-vo-vecna-ljubov-1.jpg

Во целиот хаос од информации и шпекулации, се потсетуваме на помалку хаотичните и повеќе романтични моменти кога Џоли и Пит беа во одлични односи и кога зборуваа за тоа колку љубовта е прекрасна.

1. Џоли за магазинот W, ноември 2008-ма:

„Не е само до тоа што сакам да сум во друштво на Бред, што очигледно ми одговара, туку е до начинот на кој и двајцата знаеме да ги засукаме ракавите и да се погрижиме за она што ни е важно, на ист начин. Имам голема почит за него, и тој ми помага да бидам подобра и да се борам за она што го сакам.“

2. Пит за Psychologies магазинот:

„Анџелина е неверојатна. Кога сум изморен и кога ќе легнам на каучот, таа ќе биде во трета брзина до доцна навечер. Тогаш ме тера да се запрашам „зошто го сфаќам родителството толку лесно?“ па ќе одам и ќе и помогнам во играта со нашите деца и заедно да ги прибереме во кревет. Сфаќаш дека секогаш имаш доволно енергија во тебе, само како родител мора да имаш и желба.“

3. Џоли за Marie Clarie, 2012-та:

„Бред ми го прошири животот на начини на кои не можев ниту да ги замислам. Изградивме семејство. Тој не е само моја љубов, тој е мое семејство.“

4. Пит за Daily Mail:

„Една од најдобрите работи кои можев да им ја осигурам на моите деца е тоа да имаат одлична мајка. Секако дека го сакам нејзиното одобрување. Енџи е силна и се грижи. Сакам да биде горда на својот маж.“

8-pati-koga-bred-i-angelina-zboruvaa-eden-za-drug-i-ne-nateraa-da-veruvame-vo-vecna-ljubov-2.jpg

5. Џоли за Parade, јули 2010-та:

„Децата со сигурност не поврзуваат, но врската нема да издржи ако е само заради децата. Исто така мора да си загрижен за другата личност и да имате навистина прекрасно и возбудливо време поминато заедно. Ние го имаме тоа. Бред и јас обожаваме да сме заедно. Уживаме во секој момент.“

6. Пит за Parade, септември 2011-та:

„Една од најдобрите, најпаметните работи која сум ја направил во животот е што моите деца ја имаат Енџи за мајка. Таа е одлична мајка. Толку сум среќен што ја имаме. Со партнер како неа, знам дека кога работам децата се среќни, сигурни и просперираат. И кога таа работи, знае дека тие со мене го добиваат истото.“

7. Џоли, за Telegraph:

„Среќна сум со Бред. Тој е џентлмен, но истовремено е и силен маж. Има одлична рамнотежа меѓу тоа да биде неверојатен, одличен, грижлив татко и да биде интелигентен маж кој физички и психички се грижи за себе.“

8. Пит за отстранувањето на јајниците на Џоли:

„Одлуката беше зрела. Имаме доволно возбуда во нашиот живот, и ќе го извлечеме максимумот од неа. Во тоа ја наоѓаме силата. Ова е уште една од оние работи во животот кои те зближуваат. Џоли го прави ова за нејзините деца, за нејзиното семејство, за да можеме да бидеме заедно. Тоа триумфира над било што и било кој.“

8-pati-koga-bred-i-angelina-zboruvaa-eden-za-drug-i-ne-nateraa-da-veruvame-vo-vecna-ljubov-3.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...

Најчитани неделава