Не мора да ја сакате вашата работа, важно нека ви ги плаќа сметките!

Луѓето често знаат дека староста е најубавиот подарок кој животот може да ви го даде.

Sovetite-na-eden-starec-do-negovite-vnuci -01

Особено ако вашиот живот бил исполнет со убави моменти и искуства.

Староста е оној период од животот кога во вас се крие неизмерно животно искуство кое од вас прави вистински мудрец.

Еве што порачуваат најстарите:

1. Најважната личност во вашиот живот е личноста кој се согласила да го сподели својот живот со вас. Третирајте ја како таква.

2. Можеби ќе имате долг живот, а можеби вашиот живот ќе биде краток, кој знае. Но, во секој случај, верувајте ми кога ви велам дека ќе сакате подобро да сте се грижеле за себе во својата младост“.

3. Работите се само работи. Не се врзувајте за материјални работи, ценете го времето и искуството.

4. Љубомората ја уништува врската. Верувајте ѝ на својата втора половина, бидејќи на кого друг би можеле да му верувате?

5. Луѓето секогаш велат: „Погрижи се да најдеш работа каде ќе го работиш она што го сакаш!“. Но, тоа не е најдобриот совет. Вистинската работа е работа која некои денови ја сакаш, повеќето денови ја толерираш, а сепак на крајот од месецот можеш да ги платиш сметките. Речиси никој нема работа што ја сака секој ден.

6. Ако некогаш ви е тешко да се соочите со животот, само вратете се на сегашниот момент и уживајте во сè што е убаво и пријатно. Земете длабок здив и опуштете се.

7. Годините поминуваат додека да трепнете. Немојте да стапувате во брак премногу млади. Живејте го својот живот. Патувајте. Истражувајте. Без оглед колку пари имате. Спакувајте ги куферите и одете некаде. Додека никој не зависи од вас, не купувајте никакви предмети, туку видете го светот. Само изберете место на картата и тргнете! 

8. Не го сфаќајте животот премногу сериозно. Дури и ако работите ви изгледаат мрачни и безнадежни, обидете се да се насмеете на тоа колку е убав животот.

9. Вистинскиот пријател би дотрчал дури и ако го повикате во 2 часот наутро. Сите други ви се само познаници.

10. Децата растат премногу брзо. Искористете го максимално времето кое можете да го поминете со нив.

11. Никој не умрел жалејќи што не работел повеќе. Работете напорно, но не ја ставајте работата пред семејството, пријателите или себеси.

12. Јадете и вежбајте, како да сте дијабетичар или некој кој преживеал срцев или мозочен удар – за никогаш да не станете тоа.

13. Можеби овој совет не е толку остроумен како и сите други, но сепак е важен. Водете грижа за забите, бидејќи проблемите со нив се ужасни.

14. Не го земајте ничиј совет како наредба. Можете да побарате совет од некој што го почитувате, но потоа разгледајте ја вашата ситуација и донесете ваша одлука. Во суштина мојот совет е да го послушате својот совет.

15. Зглобовите кои ќе ги оштетите денес, ќе ви се одмаздат подоцна. Дури и ако мислите дека целосно заздравиле. Верувајте ми!

16. Имаме само еден живот на оваа земја. Немојте да се разбудите и да сфатите дека имате 60 години, а не сте го направиле она за што сте сонувале.

17. Ценете ги малите нешта и бидете присутни во сегашниот момент. Што мислам со тоа? Па, ми се чини дека младите луѓе денес сакаат сè одеднаш. Наместо тоа, зошто не го цените секој мал миг? Ние нема да останеме вечно на оваа луда/прекрасна планета. И најголемо задоволство може да се најде во најдосадните активности. Наместо да испратите порака, кренете ја слушалката и јавете се некому. Јавете ѝ се на мајка ви, разговарајте за нешто неважно. Тоа се моменти кои треба да ги цениме.

18. Плаќајте ги вашите сметки и избегнувајте долгови. Кога би можел сам себе да си ги исплатам сите пари кои сум ги платил за камати во текот на сите овие години, би бил богат човек.

19. Ако сонувате да бидете некој или да работите нешто што вам ви се чини невозможно, сепак пробајте сега. Со годините и со луѓето за кои ќе треба да се грижите тоа ќе станува сè поневозможно.

20. Кога ќе запознаете некого за првпат, застанете и имајте на ум дека навистина не знаете ништо во врска со таа личност. Гледате раса, пол, возраст, облека. Заборавете на сето тоа. Не знаете ништо. Овие претпоставки се засновани на предрасуди кои вам ви се јавуваат во главата, поради тоа што вашиот мозок сака да категоризира, а тоа ве ограничува и вас и животите на другите луѓе“.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
„Сакајте ја скромноста, таа ќе ви ги покрие сите гревови“ - Животни лекции од отец Мелентиј хиландар... „Оној кој е послаб од вас во добрите дела сметајте го за рамен на вас, а оној шт...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg