Ако сте му простиле на некого сè, значи сте завршиле со него засекогаш: Прекрасни цитати од Зигмунд Фројд

Веројатно и не постои некој кој не слушнал за Зигмунд Фројд, човекот кој многумина го нарекуваат татко на психоанализата.

ako-ste-mu-prostile-na-nekogo-se-znaci-ste-zavrsile-so-nego-zasekogas-prekrasni-citati-od-zigmund-frojd-001.jpg

Неговото длабоко разбирање на човековата свест и процесите кои се одвиваат во неа, направило од него човек со непроценлива мудрост.

Ова е само дел од неговата мудрост:

1. Детството е родител на човековата личност.

2. Големината на вашиот идентитет е определена од големината на проблемите кои можат да ве „извадат од кожа“.

3. Сонот претставува исполнување на желбите.

4. Никогаш не сме толку ранливи, како кога љубиме, и никогаш не сме толку безнадежно несреќни, како кога ја губиме љубовта.

5. Луѓето се повеќе морални отколку што мислат и многу повеќе неморални отколку што можат да замислат.

6. Секој нормален човек, во суштина е само делумно нормален.

7. Ако сте му простиле на некого сè, значи сте завршиле со него засекогаш.

8. Човек може да се брани против секој човек, но пред пофалбите останува беспомошен.

9. Повеќе тежнееме кон тоа да ја избегнеме болката, отколку да се соочиме со радоста.

10. Во моментот кога човек почнува да се сомнева во својот живот и својата вредност, тој се разболува.

11. Големо прашање, кое никогаш не е одговорено, и на кое ни самиот не сум кадарен да одговорам и покрај триесетгодишното истражување на женската психа, гласи: „Што сака жената?“

12. Зборовите будат чувства, зборовите нè смируваат или нè носат во очај - зборовите се најсилното средство за влијание врз луѓето.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...

Најчитани неделава