Древни кинески цитати: „Кога им помагаш на мрзливи луѓе, им помагаш да ти седнат на врат“

Hán Xiāng Zi, кинески филозоф, еден од осумте бесмртници во Тао-пантеонот.

Drevni-kineski-citati-polni-mudrost-01.jpg

Неговите цитати ќе ви ја исполнат душата и срцето со топлина, поради мудроста која ја носат со себе, искажана во наједноставна форма:

1. Единствено нешто што човекот го прави најискрено е тоа кога е во заблуда. Ако една заблуда е својствена за целото друштво и при тоа му помага да живее, тогаш таа станува вера. А ако верата ја губи искреноста, тогаш веќе не е заблуда, па така веќе не е ни вера, туку е лицемерие и лага, кои само можат да го уништат друштвото.

2. Ако поставиш прашање, значи дека веќе знаеш половина од одговорот.

3. Не обрнувајте внимание на тоа како луѓето се однесуваат кон вас - обрнете внимание на тоа како вие се однесувате кон нив.

4. Кога им помагаш на мрзливи луѓе, им помагаш да ти седнат на врат.

5. Не простувајќи ги грешките, самиот правиш грешка.

6. Простувањето на подлоста, помага да се случи друга подлост. А глупавоста воопшто не бара простување. Таа е како ветрот, не зависи од ништо. Неа треба да ја прифатите таква каква што е, треба да се заштитите од нејзиното штетно делување и да се бара во неа некаква корист.

7. Ако сакаш да воведеш ред во целиот свет, прво воведи го во својот дом.

8. Добрината е без заштита, затоа и постои.

9. Ако сакате да бидете како сите други - вие ќе бидете никој.

10. Ако мислите како сите други, веќе сте погрешиле. Сите мислат различно. Ако мислите за сите, повторно грешите. Секој има свои грижи. Мислете на свој начин и за себе, но запомнете - не мислејќи на другите, пред сè, не мислите на себе.

11. Луѓето најмногу сакаат да дознаат што тие самите навистина сакаат.

12. Повеќето од лошите дела ги извршува некој не затоа што тоа му се допаѓа, или има корист, туку затоа што му се чини дека тоа се очекува од него.

13. Добрата совесност се наградува, но тоа не се прави со пари.

14. Цветот е убав, сè додека не го допрете.

15. Човекот може да мисли за сè, но должен е да го направи само она во што е сигурен.

16. Како да се разликува силен човек од слабак? Ако е незадоволен од својот живот, силниот човек има барања од себе, ако е слабак, бара од луѓето.

17. Лесно е да се служи на идеи и богови, тие се многу поедноставни од живите луѓе.

18. Сè што е остро со време ја губи острината, само затупавеноста станува позатупавена.

19. Мудроста на владетелите не треба да се проценува со големите достигнувања што тој имал можност да ги води, туку со фаталните грешки што успеал да ги спречи.

20. Не е мудар оној човек кој многу мисли за големото, туку оној кој малку мисли за малото.

21. И големиот и малиот човек истовремено може да одат кон иста цел, но малиот човек - за да застане таму, а големиот – за од таму да продолжи понатаму.

22. Сè додека го зборуваш она што не го мислиш, го слушаш она во што не веруваш и го правиш она што не те радува, сè дотогаш нема ни да живееш целосно.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа Кога Сиа имала 24 години, нејзиниот дечко загинал во сообраќајка. Поради загубат...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg