5 погрешни историски факти и вистината позади нив

 За историските факти сме читале отсекогаш, меѓутоа многу често некои погрешни „факти“ се повторувале толку многу пати што станале вистина. 

5 pogresni istoriski fakti i vistinata pozadi niv 1

Многу често овие факти се користат за да се прекрие некоја неудобна вистина.

Еве неколку историски факти кои ќе сакате да ги промените во вашата меморија:

1. Роза Паркс не седела во делот од автобусот за белци

Никој не може да противречи на фактот дека Роза Паркс играла огромна улога во движењето за граѓанските права со тоа што одбила да се премести во крајниот дел од автобусот само поради тоа што била со темна боја на кожа.

Но таа всушност не седела во предниот дел од автобусот кој бил наменет за бели луѓе, како што историјата толкува.

Всушност таа седела во првиот ред од средната секција на автобусот која била наменета за афроамериканците. Во автобусот се качиле повеќе патници од вообичаено па еден човек од белата раса останал без место за седење.

Тогаш возачот на автобусот и наредил на Роза и на уште тројца други афроамериканци да се преместат во задниот дел од автобусот, и како што историјата понатаму објаснува Роза не го прифатила тоа.

2. Титаник не потонал затоа што се удрил во карпа мраз

Луѓето со години се фасцинирани од трагедијата на Титаник, во која пропадна огромниот брод откако се судри со санта мраз. Всушност ова не е комплетната вистина.

Не била само карпата мраз која довела до потопувањето на бродот, туку и огромен пожар. Во неодамнешни анализи на фотографии од бродот кои биле сликани од електричарите на бродот, може да се види дека во бродот имало пожар кој траел околу 3 недели пред бродот да удри во карпа.

12 мажи пробувале да спречат огнот да се прошири, меѓутоа не успеале. Во моментот кога Титаник удрил во карпата мраз, штетата веќе била доволно голема. Потонувањето на бродот според последните анализи се должи на оган, мраз и криминална небрежност.

3. Александар Грејам Бел не го измислил телефонот

Без патент секоја идеја може да биде украдена и некој друг да добие заслуга без разлика колку сте работеле на вашата иновација. Во 1876 година, Александар Грејам Бел многу добро го искористил ова право.

Тој всушност не бил човекот кој го измислил телефонот како што досега ве учеле, туку прв кој ја патентирал иновацијата.

Тој и уште неколку други луѓе работеле на идејата за телефонот, меѓутоа тој бил прв кој стигнал да ја патентира идејата. Вистинскиот иновативец кој е заслужен за модерниот телефон бил сиромашен имигрант од Фиренца, Антонио Меучи.

4. Покахонтас не била вљубена во Џон Смит

Дизни сепак не ја кажува вистината. Покахонтас и Џон Смит никогаш не биле вљубени. Всушност, Покахонтас имала само 8 години кога Џон Смит стигнал во нејзиното место на живеење.

Таа подоцна била омажена за млад индијански војник кој потоа починал во некоја борба. Таа имала дете кое било дадено на чување кај роднини затоа што била заробена кога наполнила 15 години.

Покахонтас и Џон Смит имале некаков вид на пријателство што помогнало да се оформат врски помеѓу индијанските племиња и Англичаните.

5. Приказната за тоа како Колумбо пронашол нов континент е малку поинаква од она што нè учеа во учебниците

Веројатно веќе знаете дека Кристофер Колумбо докажал дека светот не е рамна плоча и дека ја открил Америка. Но тоа не е целосната вистина. Всушност, речиси никој во 1492 година не верувал дека земјата е плоча.

Колумбо всушност сакал да докаже дека може да се стигне од Европа до Кина ако се плови накај запад наместо накај исток. Но неговите планови се промениле кога стигнал до претходно неоткриено копно и открил целосно нов континент.

Всушност тој не стигнал до сегашното копно на САД, туку до Карипските острови.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg