Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Крвните садови имаат должина од 100.000 километри: 15 факти за човековиот циркулаторен систем

Крвта сочинува околу 8% од нашата телесна тежина и потребни се 1.120.000 комарци за да ја исцицаат цела.

krvnite-sadovi-imaat-dolzina-od-100000-kilometri-15-fakti-za-chovekoviot-cirkulatoren-sistem-01.jpg

Циркулаторниот систем е многу комплексен и навистина важно e да го цениме срцето, крвните садови и да ја знаеме својата крвна група.

Интересно докажани научни факти за циркулаторниот систем на човекот:

- За да се исцица целата крв од телото на возрасен човек потребни се 1.120.000 комарци.

- Срцето за да ѝ овозможи на крвта да циркулира низ телото креира притисок толку голем, што ако се пушти слободно крвта ќе прска и до 9 метри височина.

- Американецот Стен Ларкин живеел 555 дена без срце, чекајќи трансплантација. Срцевата работа ја извршувал еден апарат, кој тој го носел во ранец. Во таква ситуација успеал дури да игра и кошарка.

- Личност може да преживее дури и ако изгуби 40% од крвта. Но, навремената трансфузија е многу важна.

krvnite-sadovi-imaat-dolzina-od-100000-kilometri-15-fakti-za-chovekoviot-cirkulatoren-sistem-03.jpg

- Животот на здравите црвени крвни зрнца е само 120 дена. Тие имаат функција да го доставуваат кислородот до сите клетки во нашето тело.

- Крвните садови на возрасен човек да се спојат во една линија имаат 100.000 километри должина.

- Најчесто срцевите удари се случуваат во понеделник, дури во 21% од случаите. Второ место на листата е петок. Научниците понеделникот го поврзуваат со зголеменото ниво на хормонот за стрес на почетокот од седмицата.

- За да го намалите ризикот од срцев удар, треба бавно да се будите наутро без скокање и ноќните тренинзи да ви бидат со умерен интензитет.

- Кокосовата вода може да ја замени крвната плазма поради сличноста на составот.

- Крвната група влијае на здравјето. Некои крвни групи имаат поголем ризик од кардиоваскуларни заболувања.

krvnite-sadovi-imaat-dolzina-od-100000-kilometri-15-fakti-za-chovekoviot-cirkulatoren-sistem-04.jpg

- Различните диети направени соодветно според крвната група што ја имате не функционираат. Научниците од Торонто докажаа дека таквите специјални диети се само мит.

- Во Јапонија постои цела индустрија за производи како храна, козметика, средства за лична хигиена направени во зависност од тоа на која крвна група припаѓате.

- Успехот во спортот зависи од крвната група, докажа едно истражување од 2017 година. Луѓето со одредени крвни групи се поиздржливи од другите, но тоа сепак зависи од тренинзите и вложениот труд.

- Во Јапонија се верува дека типот на крвната група влијае на карактерот, успехот во работата и љубовта.

- Телото на возрасен човек содржи околу 5 литри крв, освен кај бремените жени (кои имаат повеќе крв) и крвта сочинува околу 8% од нашата вкупна телесна тежина.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...
На секој крузер има мртовечница и уште 6 факти што ќе ви го расипат денот Знаевте ли дека постои болест која може да ве натера да мислите дека сте мртви? ...
8 (научни) факти кои звучат како измислени Синиот кит е најголемиот цицач на планетата и јасно дека му требаат многу калори...
Околу 10% од Европјаните се имуни на ХИВ и уште 7 научни факти кои звучат нереално Бактеријата гонореја може да подигне нешто што е 100.000 пати потешко од неа и п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg