За секое едно расипано јаболко постојат илјадници полни добрина - најубавите цитати на Лусинда Рајли

Лусинда Рајли е ирска писателка и поранешна актерка. Нејзиниот личен печат се вешто исткаените љубовни романи, а дел од нив се светски бестселери продадени во неколку милионски тираж.

Najubavite-citati-na-Lusinda-Rajli-01.jpg

47-годишната писателка е родена во Северна Ирска. Нејзината баба била оперска певица, а нејзината мајка глумица, па сцената на Лусинда не ѝ била нешто непознато.

Како мала посетувала часови по глума и балет, а на 16 години ја добила првата посериозна улога во ТВ серијата The Story of the Treasure Seekers.

На само 23-годишна возраст Лусинда го објавува својот прв роман, Lovers and Players.

Од тој момент до сега, таа не престанува да ги ниже книжевните успеси. Денес живее во Норфлок, Франција со својот сопруг и 4 деца.

На македонски јазик достапни се следните нејзини книги: Полноќна роза, Девојчето од гребенот, Сенки од минатото, Куќата на орхидеите, Ангелско дрво и Седумте сестри: Приказна на Маја.

Пронајдете парче од себеси во најубавите цитати на оваа талентирана писателка:

1. Кога ја губам вербата во човековата природа, се вртам кон природата.

2. Кога еднаш ќе донесеш одлука и не постои враќање назад, прифаќањето е единствената утеха.

3. Љубовта не познава далечина, таа нема континенти, нејзините очи се за ѕвездите.

4. Неверојатно е како убавината може да маскира толку многу мани.

5. Запамети, иако не можеме да ги видиме, оние кои ги сакаме се секогаш со нас.

6. Луѓето ретко размислуваат за минатото, сè додека не ја повторат истата грешка.

7. Верувам дека нашите животи, исто како и бајките – приказните кои се напишани од нас според нашите животни искуства секогаш ќе имаат херој и хероина, добра вила и злобна вештерка.

8. Љубовта на родителот кон детето е најмоќната сила на светот.

9. Ви посакувам да пронајдете љубов. Тоа е единственото нешто во животот што ја прави болката на она што значи да се биде жив, поднослива.

10. Мојот татко секогаш велеше - да се помести карпа за еден сантиметар во животот е исто како фрлањето на сто камења во морето секој ден. Големата промена доаѓа бавно, но ќе дојде.

11. Сè има природна рамнотежа и како би знаел дека си среќен доколку не си тажен понекогаш? Или да се чувствуваш здрав доколку никогаш не си бил болен?

12. Во одреден момент мораш да донесеш одлука помеѓу губење на личноста која ја сакаш и твојот здрав разум.

13. За секое едно расипано јаболко постојат илјадници повеќе чии срца се полни со добрина.

14. Секој човек има фасцинантен живот со огромна постава од добри и лоши ликови. И скоро секогаш, некаде низ него, магија.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...

Најчитани неделава