Најстарата ќерка му е „проблематична“, има тајно дете: 15 факти за семејството на Путин

Неговата постара ќерка обожавала забави и била своеглава, па се омажила во Холандија, додека помалата од секогаш повеќе го слушала својот моќен татко. Најверојатно Путин има и трето дете.

najstarata-kjerka-mu-e-problematichna-ima-tajno-dete-15-fakti-za-semejstvoto-na-putin-01.jpg

Владимир Путин е еден од најмоќните политичари во светот, но и покрај тоа што со децении е јавна личност, за неговото семејство се знае многу малку.

Во руските медиуми има строга контрола, но еве дел од информациите:

Путин не сака прашања за неговото семејство и смета дека треба да постојат граници

За разлика од другите светски лидери тој прави сè за приватноста на неговото семејство да биде сочувана.

Тајноста ја однесе на едно ново ниво, а дури и постови за неговото семејство од социјалните мрежи и медиумите магично исчезнуваат. Медиумите во ниту еден миг немаат фатено добар кадар од неговото семејство.

najstarata-kjerka-mu-e-problematichna-ima-tajno-dete-15-fakti-za-semejstvoto-na-putin-11.jpg

Режисер на документарен филм за Путин мина стотици часови со Путин, но никогаш не го сретна неговото семејство

Во 2010 и 2011 година Германецот Hubert Seipel имаше пристап до Путин повеќе од кој било руски медиум кога било, но и по две години работа на документарецот кој доби низа награди, тој во Москва не сретна ниту еден член од неговото семејство.

najstarata-kjerka-mu-e-problematichna-ima-tajno-dete-15-fakti-za-semejstvoto-na-putin-03.jpg

Новинарите што зборуваат за семејтвото на Путин може да се соочат со сериозни последици

Владее страв што ќе се случи ако ги откријат информациите што ги дознале.

Постојат гласини дури и за откази, затворања на медиуми и насилства врз новинари, па затоа сите молчат.

najstarata-kjerka-mu-e-problematichna-ima-tajno-dete-15-fakti-za-semejstvoto-na-putin-05.png

Јутуберот Alexei Navalny откри најмногу информацаи за блиските на Путин

Рускиот јутубер имаше мисија да ги открие тајните на Путин, па го истражуваше неговото богатство, семејство и што уште не.

Alexei Navalny беше уапсен како водич на протестите против Путин.

najstarata-kjerka-mu-e-problematichna-ima-tajno-dete-15-fakti-za-semejstvoto-na-putin-06.jpg

Тајна врска со добитничката на олимписко злато Алина Кабаева

Гимнастичарката ја поврзуваа со Путин во 2008 година додека тој сè уште беше во брак со својата сопруга Људмила. Со години кружат гласини за нив, па и дури дека Путин има дете со Алина.

najstarata-kjerka-mu-e-problematichna-ima-tajno-dete-15-fakti-za-semejstvoto-na-putin-07.jpg

Има тајно семејство со Алина

Малото момче со кое ја фотографираат медиумите периодов се претпоставува дека е син на Путин.

Во 2015 година Путин исчезна од радарите на медиумите и се претпоставува дека со Алина биле на швајцарските Алпи за таа тајно да се породи. Во ноември 2016 на раката на Кабаева е забележан блескав свршенички дијамантски прстен.

najstarata-kjerka-mu-e-problematichna-ima-tajno-dete-15-fakti-za-semejstvoto-na-putin-08.jpg

Не се знае колку години имаат неговите ќерки

Се претпоставува дека неговите ќерки се родени во 1985 и 1986 година, а  веќе имаат и свои семејства. Некои тврдат дека сопругот на едната повторно е од блискиот круг на Путин.

Помладата најверојатно се вика Катерина, а постарата Марија, но околу тоа има дебати и не е сигурно.

najstarata-kjerka-mu-e-problematichna-ima-tajno-dete-15-fakti-za-semejstvoto-na-putin-09.jpeg

Неговата поранешна сопруга тајно се премажи

Људмила е разведена од Путин од 2013 година, но повторно живее во тајност. Медиумите тврдат дека се премажила за Arthur Ochertniy, но тие објави потоа беа избришани.

najstarata-kjerka-mu-e-problematichna-ima-tajno-dete-15-fakti-za-semejstvoto-na-putin-02.jpg

Уште 7 факти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg