По повод 76-иот роденден: Најдобрите цитати од неповторливиот Харисон Форд

Харисон Форд во својата филмографија може да се пофали со улогите на Хан Соло во Star Wars, Индијана Џонс во истоимениот филм, како и уште многу други улоги во многу добри филмови.

po-povod-76-iot-rodenden-najdobrite-citati-od-nepovtorliviot-harison-ford-01.jpg

Денес, на 13-ти јули тој полни 76 години, па повод неговиот роденден, да се потсетиме на 15 од неговите најдобри цитати:

Сите имаме големи промени во нашите животи, кои помалку или повеќе, на некој начин се втора шанса.

На природата не ѝ се потребни луѓето, на луѓето им е потребна природата. Природата би преживеала при изумирање на човечкиот вид, но човечката култура, човечките суштества не можат да преживеат без природата.

Додека се снимаше првиот „Индијана Џонс“, скинав лигамент во едното колено - не можам да се сетам кое колено беше. На сцената кога се тепав со големиот германски трговец во авионот наречен летачко крило бев прегазен од опремата за приземјување и си го повредив коленото, но не се сеќавам кое колено беше. Имав многу модрици и повреди во мојата кариера.

Мораме да ја разбереме вредноста на услугите кои ни ги нуди природата, за да можеме да разбереме дека нивното уништување и оштетување е незаменливо ниту со пари ниту со човечка досетливост.

Јас сум како стар пар чевли. Никогаш не сум бил „хип“. Мислам дека причината што сè уште сум овде е токму поради тоа што никогаш не сум бил премногу модерен, па така не можев да бидам заменет со нешто ново.

Носталгијата не постои за мене. Едноставно не ми се случува. Живеам во моментот и го немам тој ген.

Мојот пристап кон глумењето е „ајде да се преправаме“ глумечка школа.

Сите сме меѓусебно поврзани. На пример, едноставен недостаток на вода може да доведе до релокација на една популација, што може да доведе до политичка радикализација, што може да доведе до поголем притисок врз државите кои прифаќаат бегалци поради миграцијата на популацијата.

Не ми пречат интервјуа. Не ми пречи одговарањето на добро смислените прашања. Но не сум баш воодушевен кога треба да одговорам на прашањето „Ако те ограбуваат, и имаш лајтсејбер во едниот џеб и камшик во другиот, што ќе одбереш?“

Некои глумци не можат да научат како да се справат со постојаното одбивање. Тие едноставно не можат да го видат светлото на крајот од тунелот.

Отсекогаш сум бил некаде подолу од врвот, па никогаш не сум страдал од тоа да бидам турнат од врвот.

Сакав да бидам шумар или разнесувач на јаглен. Уште од најрана возраст знаев дека не сакам да го правам тоа што татко ми го правеше... да работам во канцеларија.

Популарноста на актерот е краткотрајна, денес пофалена, утре заборавена.

Сите мои пријатели станаа професионалци, па реков дека сакам да станам актер.

Бев целосно неспремен за јавниот спектакл во кој се претвори мојот приватен живот, и не го сакав тоа воопшто.

еНВи | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg