Еднаш бил затворен поради ситни крадци: 6 помалку познати факти за музејот Лувр

Можеби мислите дека знаете доволно за легендарниот музеј во Градот на светлината, но никогаш не е доцна да научите и нешто ново.

6-pomalku-poznati-fakti-za-muzejot-luvr-01.jpg

Лувр е можеби најисконскиот уметнички музеј во светот. Се наоѓа во Париз и во него се „сместени“ илјадници културни артефакти од француската и светската историја.

Прочитајте ги следниве факти за познатиот музеј:

1. Градбата била предвидена за тврдински замок

Пред кралот Филип Втори да замине во крстоносните походи од 1190-та, тој наредил да се изгради тврдина во реонот околу Сена, па сè до западната граница на Париз. Во тврдината требало да има замок и стражарски кули, како и зандани за непожелните.

Со тек на времето се изгубила потребата од толкава заштита и овој дел почнал полека да се урбанизира. Околу 1500-тите години, кралот Францис Први изградил резиденција и својата уметничка колекција ја изложил во дел од стариот замок, кој подоцна ќе стане она што денеска е Лувр. Во тоа време бил само приватна галерија на кралот.

2. Бил собиралиште на уметници

Пред да се отвори за публиката, во Лувр биле поканети сите уметници кои надвор или дома немале време и услови да работат на своите дела. Во 1608-ма, кралот Анри Четврти им нудел на уметниците и ателјеа, но и преноќувалишта во Лувр.

Тие таму можеле да сликаат и да изработуваат скулптури. Но, во текот на 18-тиот век, таму настанал вистински неред, па Лувр бил затворен за уметниците и почнала негова реконструкција.

6-pomalku-poznati-fakti-za-muzejot-luvr-03.jpg

3. Наполеон го преименувал Лувр

Императорот Наполеон Бонапарта го приватизирал овој музеј, а сликата „Мона Лиза“ ја извадил од музејот (тогаш галерија) и ја ставил во својата спална соба.

Во негово време Лувр се викал „Музејот на Наполеон“. Името било вратено по неговиот пораз во 1815 година.

4. Уметник направил стаклената пирамида да исчезне

Во 2016-та, францускиот уметник познат само како ЏР извел оптичка илузија врз стаклената пирамида. Тој поставил црно-бели фотографии од околината, односно од тоа што би било кога пирамидата не би постоела. Така, се постигнала илузија дека таа исчезнала. Поставката била оставена цел месец.

6-pomalku-poznati-fakti-za-muzejot-luvr-02.jpg

5. Лувр еднаш бил затворен поради ситни крадци

Во 2013 година, околу 450 вработени во Лувр одбиле да доаѓаат на работа затоа што ситни криминалци, најчесто тинејџери, ги ограбувале туристите кои доаѓаат во посета на музејот.

Подоцна, администрацијата на Париз одлучила да ја зголеми безбедноста во музејот и вработените се вратиле на работа.

6. Дозволено им е на млади уметници да копираат

За разлика од други музеи, Лувр ги препознава и поддржува намерите на младите уметници да учат од легендите. Токму поради тоа им дозволуваат да ги анализираат изложените дела и да прават нивни реплики.

Ова се случува секој работен ден од 9:30 до 13:30 часот по локално време. Единствено, уметниците треба да работат на поголеми или помали платна и да не се потпишуваат на делата.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...

Најчитани неделава