Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Пеколот, тоа се другите луѓе“ - остроумноста на Жан Пол Сартр низ безвременските цитати

Жан Пол Сартр (1905-1980) бил француски филозоф, романсиер, есеист и драмски писател. Неговите најпознати дела Мачнина, Ѕид, Патиштата на слободата, Битие и ништожност и Имагинација го поплочиле патот на атеистичкиот егзистенцијализам.

Ostroumnosta-na-Zan-Pol-Sartr-niz-bezvremenskite-citati-01.jpg

Сартр ја добил Нобеловата награда за книжевност во 1964 година, но одбил да ја прими, бидејќи секогаш ги одбивал официјалните почести и не сакал да се изедначува и да биде на истото ниво со институциите.

Слатко-горчливата тегобност на Сартр најубаво може да ја откриете низ низата негови најдобри цитати:

1. „Пеколот, тоа се другите луѓе.“

2. „Мора да се плашиш сине. Така човекот станува чесен граѓанин.“

3. „Кога богатите војуваат, сиромашните умираат.“

4. „Ако си осамен кога си сам, тогаш си во лошо друштво.“

5. „Искуството е најдобро училиште. Само што школарината е многу скапа.“

6. „Само оној што не весла, има време да го ниша чамецот.“

7. „Одлучноста е дело, а не збор.“

8. „Станав филозоф и работев на оваа моја слава којашто уште не стигнала, само за да можам подобро да ги заведувам жените.“

9. „Зборовите се наполнет пиштол.“

10. „Изгубена битка е онаа за која човекот мисли дека е изгубена.“

11. „Оние коишто ме гледаат ретко ми веруваат на зборот. Најверојатно изгледам преинтелигентно за да си го одржам.“

12. „Не ги осудуваме луѓето коишто ги сакаме.“

13. „Сиромашните не знаат дека нивната смисла за животот е на нив да ја тренираме нашата великодушност.“

14. „Подобро е да се умре стоејќи, отколку да се живее клечејќи.“

15. „Луѓето се бакнуваат за да не мораат да се караат.“

16. „На некои може да им се помогне само ако не им се помага.“

17. „Секогаш постои можност за кукавицата да не биде повеќе кукавица и херојот да престане да биде херој.“

18. „И кога би имал 100 години, најубавиот ден секогаш би ми бил: утре.“

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Факти за Бил Скарсгард, „кралот“ на хорор филмовите: Имал кошмари од улога, живее како номад Улогата во It го направи светски познат, но вели дека имал кошмари од морничавио...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
На 14 години користел дрога, бил во затвор со Чарлс Менсон, а денес им помага на зависници – Факти з... Актерот Дени Трехо неколкупати бил во затвор, но откако избегнал смртна казна, р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg