Моќни цитати за да ја честитате Новата 2019-та година

„Ова е твојата година за да блескаш. Верувај дека можеш и веќе си го поминал половина пат дотаму.“

mokjni-citati-za-da-ja-chestitate-novata-2019-ta-godina-01.jpg

Секогаш е добро време на вашите сакани да им кажете дека ги сакате, цените и дека не би сакале да си го замислите животот без нив, но почетокот на Новата година дефинитивно е повод да им кажете дека мислите на нив.

Некој од овие цитати може да биде совршениот начин на тоа:

„Денес е првата празна страница од книгата со 365 страници. Напишете ја добро.“

„Учи од вчера, живеј за денес, надевај се на утре.“

„Сите твои соништа ќе се остварат, ако имаш храброст да ги следиш.“

„Наздрави за Новата година и за уште една шанса да ги направиш работите исправно.“

„Никој не може да се врати назад и да направи сосема нов почеток, но секој може да започне сега и да направи сосема нов крај.“

„Најубавото нешто на Новата година е слатката нова надеж.“

„Во Новата година никогаш не заборавај на минатите години затоа што тие ти овозможиле да стигнеш до денес. Без скалите од минатото не можеш да пристигнеш во иднината.“

„Пристапи ѝ на Новата година со одлучност да најдеш можности скриени во секој нов ден.“

„Вашиот успех и среќа лежат во вас, па одлучете да бидете среќни и формирајте невидлив штит против сите тешкотии.“

„365 нови денови. 365 нови шанси.“

„Верувај дека можеш и веќе си го поминал половина пат дотаму.“

„Ова е твојата година за да блескаш.“

„Најдоброто допрва доаѓа.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џ... „Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - ц...
10 цитати за бракот (што ќе ве натераат да верувате во вистинска љубов) „Кога некој ве сака силно, тоа ви дава сила, но кога сакате некого силно, стекну...
„Најчеста лага е онаа што си ја кажуваме себеси“ – Мудри цитати од Фридрих Ниче за животот и љубовта... „Ниту најмоќните очила понекогаш не успеваат да ја излекуваат личноста што е вљу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg