„Сè што може да се купи со пари е евтино“ - мудри цитати за хартиените банкноти

„Кога се во прашање парите, сите ѝ припаѓаат на истата вера“, кажал Волтер и не погрешил. Многумина ќе кажат – онаму каде што не може со пари, може со повеќе пари.

Mudri-citati-za-hartienite-banknoti-01.jpg

Во суровото капиталистичко време се чини дека сите сме опседнати со хартија и не планираме да запреме додека не ја имаме доволно. Тоа „доволно“ е прилично субјективно и дискутабилно, а речиси секогаш нè чини премногу време, премногу жртви и премногу здравје додека не е предоцна.

Но дали вреди? Прочитајте ги најмудрите цитати поврзани со парите и поставете си го прашањето уште еднаш:

1. „Парите уште никого не збогатиле.“ – Сенека

2. „Парите се броеви, а броевите немаат крај. Доколку ти требаат пари за среќа, твојата потрага за среќата нема никогаш да престане.“ – Боб Марли

3. „Оние кои мислат дека со парите можат да постигнат сè, сигурно се спремни за парите да направат сè.“ – Едме Пиер Шаво де Бошен

4. „Немојте да дозволите парите да ви бидат мотивација и да дозволите тие да владеат со вас“ – Опра Винфри

5. „Парите се единственото апсолутно добро бидејќи не задоволуваат само една потреба, туку потребите воопшто.“ – Артур Шопенхауер

6. „Многумина лесно знаат да побараат пари на заем, а кога треба да ги вратат се однесуваат како да треба да дадат свои пари.“ – Езоп

7. „Парите се религија за мудрите.“ – Еврипид

8. „Сè што може да се купи со пари е евтино.“ – Ерих Марија Ремарк

9. „Оној што клечи пред парите, тој не е во состојба потоа да клекне пред ништо друго.“ – Аптон Синклер

10. „Доказите коишто ѕвечкаат имаат особена моќ за убедување.“ – Еразмо Ротердамски

11. „Немој да ги цениш парите ни помалку ни повеќе отколку што вредат. Тие се добар слуга, но лош господар.“ – Александер Дима

12. „Кога се во прашање парите, сите ѝ припаѓаат на истата вера.“ – Волтер

13. „Доколку сакате да знаете што Бог мисли за парите, погледнете ги луѓето на коишто им ги дал.“ – Дороти Паркер

14. „Парите се клучот што ги отвора сите врати.“ – Вилијам Шекспир

15. „Кога бев млад, верував дека парите се најважната работа во животот. Сега кога остарев, знам.“ – Оскар Вајлд

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg