Последните зборови на познатите личности: „Не можете да го купите животот со пари"

Луѓето отсекогаш биле фасцинирани од последните зборови на другите луѓе - без разлика дали се работи за блиски личности, познати личности или странци.

Ova se poslednite zborovi na poznatite licnosti 01

Последните зборови, на некој начин, содржат одредена мудрост или потврда за она што некој го претставувал, или барем се надеваме дека е така.

Последните зборови на познатите личности веројатно не се веродостојни, бидејќи никој со сигурност не може да тврди дека се точни.

Сепак, во овие инспиративни зборови можеме да пронајдеме одредена утеха, надеж или сила, а некои од нив се едноставно интересни и смешни.

Карл Маркс, филозоф: „Последните зборови се за будали кои не кажале доволно.“

Архимед, математичар: „Не допирајте ги моите кругови!“

Хемфри Богарт, актер: „Не требаше да преминам од виски на мартини“.

Гручо Маркс, комичар и филмска ѕвезда: „Ова не е начин да се живее“.

Џо Димаџо, играч на безбол: „Конечно ќе имам можност да ја видам Мерилин“.

Чарлс Дарвин, научник: „Воопшто не се плашам да умрам“.

Боб Марли, музичар: „Не можете да го купите животот со пари“.

Ova se poslednite zborovi na poznatite licnosti 02

Леонардо да Винчи, сликар: „Го навредив Господ и целото човештво, бидејќи моите дела не го достигнаа потребниот квалитет“.

Нострадамус, француски фармацевт и пророк. Неговото последно (точно) предвидување било: „Ќе умрам до изгрејсонцето“.

Сер Артур Конан Дојл, лекар и писател. Неговите последни зборови биле упатени кон неговата сопруга: „Прекрасна си“.

Лудвиг ван Бетовен, композитор и пијанист: „На небото ќе можам да чујам.“

Томас Едисон, пронаоѓач и бизнисмен: „Многу е убаво таму.“

Џејмс Браун, пејач и текстописец: „Заминувам вечерва“.

 Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...
Депресија на 12 години, љубов со бугарски тенисер - Животот на Еиза Гонзалес, најубавата латино-акте... „Се сеќавам дека за многу проекти ми велеа: ‘Многу си убава за улогата'. Тоа е т...
„Не си ти луда, само тој досега бил со здодевни жени“ и уште 15 кул цитати (во кои се пронајдов) „Само Chat GPT и ја знаеме како ми е“, „Сега се родив во држава без море и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg