„Ако не си подготвен да испаднеш глупав, тогаш не си достоен да се заљубиш“ - Филмски цитати за љубовта
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Account Manager 28-02-2020
Менаџер 28-02-2020


„Ако не си подготвен да испаднеш глупав, тогаш не си достоен да се заљубиш“ - Филмски цитати за љубовта

Филмските цитати во себе носат посебна магија, бидејќи успеваат да го визуализираат пишаниот збор. За љубовта нема што да се каже, бидејќи не постојат синоними кои можат да го опишат овој збор и чувство. 

ako-ne-si-podgotven-da-ispadnes-glup-togas-ne-si-dostoen-da-se-zaljubis-filmski-citati-za-ljubovta-01.jpg

Ова се некои од најпознатите филмски цитати за љубовта:

„Најдобриот вид на љубов е оној кој ја разбудува душата и нè тера да бараме повеќе, кој го пали огнот и срцето, а на умот му дава мир. Ти ми го даде тоа, се надевам дека и јaс ќе можам да ти го дадам истото секогаш“… (The Notebook)

„Ако не си подготвен да испаднеш глупав, тогаш не си достоен да се заљубиш.“ (A Lot like Love)

„Јас? Јас се плашам од сè. Се плашам од она што го гледам, што го правам, од она што сум. И најмногу од сè, се плашам дека ќе излезам од оваа соба и никогаш во животот нема да го почувствувам ова што го чувствувам за тебе.“ (Dirty Dancing)

Najubavi filmski citati za ljubovta zborot za koj ne postojat sinonimi 03

„Џорџ: Дали ќе ме сакаш до крајот на мојот живот? Лејс: Не, ќе те сакам до крајот на својот живот.“ (Phenomenon)

„Драга Холи, имам чувство дека ова е моето последно писмо, бидејќи сакам да ти кажам уште само една работа. Ти си смислата на мојот живот, но јас сум само поглавје во твојот. Не плаши се повторно да се заљубиш.“ (P.S. I Love You)

„Знаеш ли како можеш да знаеш дека си заљубен? Кога ќе легнеш во кревет и кога нема да можеш да заспиеш, бидејќи реалноста конечно ќе биде подобра од соништата.“ (Love Actually)

„Земи ја љубовта, помножи ја со вечноста и пренеси ја во длабочините на бесконечноста… и ќе имаш мал увид во она што го чувствувам за тебе.“ (Meet Joe Black)

Najubavi filmski citati za ljubovta zborot za koj ne postojat sinonimi 02

„Мислам дека нема да те бакнам, иако очајно ти треба бакнеж. Во тоа е проблемот, би требало да те бакнуваат често и многу, и тоа некој што знае што прави!“ (Gone with the Wind)

„Го мразам начинот на кој разговараш со мене, и како си ја правиш фризурата. Ги мразам твоите чевли и начинот на кој ги читаш моите мисли. Мразам што секогаш си во право. Мразам што не си блиску до мене, и што не ми се јавуваш. Но најмногу го мразам тоа што не те мразам. Ниту малку.“ (10 Things I Hate About You)

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 цитати за негативните луѓе „На негативните луѓе драмата им е како кислород. Останете позитивни, ќе им го од...
10 цитати што ќе ве подигнат и во најтешкиот ден од животот Запомнете дека во ред е да побарате помош, во ред е да почнете одново, во ред е ...
„Жената е столб на семејството“: Најдобрите цитати од Грејс Кели Сите ја знаеме како преубавата принцезата од Монако. Таа пред да стапи во брак с...

Најчитани неделава