„Лудилото е наследно – го добивате од децата“ – најубавите и најсмешните цитати за мајчинството

Секоја вечер, речиси без исклучок, мајката лежи сосема исцрпена на креветот, свесна дека утрешниот ден ќе биде дежа ву на денешниот.

Najubavite-i-najsmesnite-citati-za-majcinstvoto-01.jpg

Сепак, за извршување на мајчинските должности не е потребна некоја особена мотивација, еден поглед, збор или прегратка од малото срце се доволни да ја сфатите смислата на извршувањето на сите родителски задачи.

Прочитајте ги најслатките цитати за мајчинството и одберете си омилен кој ќе ве потсети дека овие мали се најслатките, дури и кога чувствувате дека ви е претешко:

„Одлуката да имате дете е навистина важна. Тоа значи дека сте донеле одлука дека вашето срце засекогаш ќе биде надвор од вашето тело“ – Елизабет Стоун

„Чистењето на домот додека децата се во него е исто што и чистењето на снегот додека тој сè уште паѓа“ – Ерма Бомбек

„Изразот ’вработена мајка‘ е плеоназам“ – Џејн Селман

„Мајчините раце се поутешителни од чии било други“ – Принцезата Дајана

„Лудилото е наследно, го добивате од децата“ – Сем Левенсон

„Мајчинството е еден вид експеримент за тоа колку долго може телото да функционира без сон и грижа, движејќи се исклучиво со помош на адреналин, кофеин и бебешки насмевки“ – Непознат автор

„Доколку детето никогаш не ве презрело, никогаш не сте ни биле родители“ – Бет Дејвис

„Мајката секогаш мора да мисли два пати: еднаш за себе и еднаш за своето дете“ – Софија Лорен

„Да се има деца помалку наликува на животот во студентски дом. Секаде е лепливо, а не сте сигурни што го предизвикало тоа“ – Непознат автор

„Мајката е личност која кога ќе види дека останале 4 парчиња торта, а присутни се 5 луѓе околу неа, брзо ќе проговори дека никогаш и не сакала многу торта“ – Тенева Џордан

„Да се биде мајка значи да се научи силата која не сте знаеле дека ја имате и да се носите со стравовите за коишто не сте ни знаеле дека постојат“ – Линда Вутен

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg