Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Инвестицијата во знаењето исплаќа најдобри камати“ - најдобрите цитати за тоа колку е важно образованието

Човекот учи додека е жив. Благодарение на образованието, во можност сме да ги разбереме работите коишто не опкружуваат, да ги објасниме различните појави, да го искажеме својот интерес и да ги покажеме своите можности.

Najdobrite-citati-za-obrazovanieto-01.jpg

Образованието не само што ни нуди знаење од различните области и науки, туку ни нуди и шанса да стекнеме искуство за она што нè интересира и на тој начин да ја изградиме нашата личност.

Прочитајте што рекле познатите за образованието:

 1. „Образованието е најмоќното оружје кое можете да го употребите за да го промените светот.“ – Нелсон Мендела

 2. „Образованието, тоа е она што останува откако ќе го заборавите сето она што сте го научиле во училиште.“ – Алберт Ајнштајн

 3. „Човекот што не чита добри книги нема никакви предности над човекот што воопшто не знае да чита.“ – Марк Твен

 4. „Најголемата надеж на секоја земја лежи во доброто школување на младите.“ – Еразмо Ротердамски

 5. „Немојте да ги ограничувате децата на она што само вие сте го научиле, бидејќи децата се родени во друго време.“ – Рабиндранат Тагоре

 6. „Надежите на образованите се посилни од богатствата на неуките.“ – Демокрит

 7. „Инвестицијата во знаењето исплаќа најдобри камати.“ – Бенџамин Френклин

 8. „Гениј без образование е како сребро во рудник.“ – Бенџамин Френклин

 9. „Знаењето е моќ.“ – Френсис Бејкон

10. „Секој што ќе престане да учи е стар, без разлика дали има дваесет или осумдесет години.“ – Хенри Форд

11. „Учењето е како веслање низводно, штом се престане, веднаш се тргнува наназад.“ – Лао Це

12. „Вчера бев паметен. Затоа сакав да го менувам светот. Денес сум мудар. Затоа се менувам себеси.“ – Шри Чинмој

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ги оставам луѓето кои не ме ценат - ја знам својата вредност“: Моќни цитати од легендарниот Ентони ... „Учам да не се срамам од моите емоции. Моите емоции ме прават маж“ - вели еден о...
8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки м...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Татко му бил во затвор за убиство, мајка му била зависна од хероин – Тешкото детство на „најзгодниот... Џереми Микс, попознат како најзгодниот затвореник во светот, денес е успешен мод...
Бил доставувач на пица, сака уште тетоважи на лицето - Кој е Теди Свимс, новата светска музичка ѕвез... Можеби името Теди Свимс не ви е познато, но сигурно сте слушнале барем еден од н...
Во океаните се изгубени 3 нуклеарни бомби на САД и уште 9 морничави факти што ќе ве замислат Знаевте ли дека пилата била измислена како алатка што ја користеле лекарите при ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg