Куќи од картон за бездомници и безброј мали правила: Факти за Јапонија од луѓето кои се преселиле таму
Најчесто, Јапонците почнуваат да работат една година после дипломирање
Компаниите почнуваат со бирање кандидати во март и април, една година пред дипломирањето. Овој период студентите испраќаат апликации и одат на интервју за работа.
Оние кои нема да најдат работа во голема компанија во овој период, почнуваат да праќаат апликации во помали компании, кои примаат студенти и во лето и есен.
Интересно е што големите компании не примаат луѓе со фарбана коса или со брада.
Постојат безброј мали правила
Во Јапонија, на работа најдобро е да понесете голема чанта, без разлика дали е празна. Во спротивно, луѓето можат да мислат дека не сте сериозни.
Во домот, пак, носењето чевли е строго забрането. Поради стара традиција, Јапонците веруваат дека само мртвите можат да носат чевли во домот.
Здравствениот систем има недостатоци
За странците е навистина тешко да се навикнат на јапонскиот здравствен систем.
На пример, болниците имаат работно време како и сите други институции, па за преглед треба да излезете од работа. Покрај тоа, болниците не работат за викенди и празници.
Лекарите, пак, обично препишуваат многу лекови – 5-6 за сите симптоми. Ова значи дека секој мора да запишува што земал.
Во болниците имало и случаи со дискриминација, бидејќи некои доктори не сакале да прегледуваат странски пациенти. Ова најчесто се случувало доколку личноста имала проблеми со јапонскиот јазик.
На улиците нема корпи, но сепак се чисти
Во Јапонија, различниот вид отпад се собира во различни денови. На пример, отпадот од храна се собира само два пати неделно, а на улиците има посебни места за него.
Во државата речиси и да нема контејнери бидејќи се верува дека штом плаќате за комуналии, ѓубрето треба да го фрлате дома.
Има паркинзи на два ката поради недостаток од простор
Долниот дел од паркингот се наоѓа под земја, а можете да го подигнете целото паркинг место со посебен далечински управувач.
Долниот дел има и систем за одвод кој се ослободува од водата.
Овие мали гаражи се и одлична мерка против крадци, но проблемот е што некои автомобили се премногу големи за нив.
Спирова С. | Црнобело