„Не чувај ништо за специјална пригода, таа пригода е ДЕНЕС“ – моќни животни лекции на кои треба да им се навраќате најмалку еднаш месечно

Американската новинарка Реџина Брет стекна неверојатна популарност, иако има напишано само една колумна со филозофски мисли, која сепак зборува доволно сама по себе и е вредна за споделување.

Mokjni-zivotni-lekcii-ednas-mesecno-01.jpg

Оваа модерна „лекција“ ја напишала жена која не ја очекувал никој како 11-то дете во семејството, која на само 16 години ја потопувала својата тага во алкохол, која го родила првото дете на 20, а веќе следните 18 години била самохрана мајка. На 41 година Реџина го победила ракот на дојката.

Таа е жена која на 45-годишна возраст ја запознала својата вистинска љубов, силна жена која никогаш не се откажала од животот, постигнала неверојатен успех и изградила блескава, новинарска кариера.

Нејзините мисли треба да го прочитате барем еднаш месечно. Во чест на нејзиниот 45-ти роденден, Реџина напишала 45 куси лекции на коишто ја научил животот:

1. Животот е неправеден, но сепак прекрасен.

2. Кога се двоумиш, направи уште еден мал чекор напред.

3. Животот е премногу краток за да го трошите на омраза.

4. Работата нема да се грижи за тебе кога ќе се разболиш. Тоа ќе го прават твоите пријатели и родителите. Негувај ги овие односи.

5. Секој месец отплаќај ги своите долгови.

6. Не мораш да победиш во секоја расправија. Можеш да се согласиш или да не се согласиш.

7. Плачи во друштво. Тоа е подобро отколку да плачеш сам.

8. Можеш да му се лутиш на Бог. Тој ќе разбере.

9. Почни да штедиш за староста уште од првата плата.

10. Кога станува збор за чоколадото, секој отпор е залуден.

11. Помири се со минатото, за да не ти ја расипе сегашноста.

12. Слободно дозволи да те видат децата како плачеш.

13. Немој да го споредуваш својот живот со нечиј туѓ. Не можеш да знаеш со што се соочуваат тие на својот животен пат.

14. Доколку некои односи треба да останат во тајност, немој да се мешаш.

15. Сè може да се смени додека да трепнеш, но не грижи се: Бог не трепка.

16. Длабоко вдиши. Тоа ги средува мислите.

17. Ослободи се од сè што не е корисно, убаво и забавно.

18. Она што не те убива, те прави посилен.

19. Никогаш не е доцна за среќно детство, но второто детство зависи само од тебе.

20. Кога станува збор за она што навистина го сакаш во животот, немој да го одбиваш по ниту една цена.

21. Пали мирисливи свеќи, употребувај фина постелнина, носи убава, долна облека. Ништо не чувај за специјална пригода, бидејќи таа специјална прилика е токму денес.

22. Добро подготви се, а потоа – нека биде што ќе биде.

23. Биди ексцентричен сега! Не ја чекај староста за да облечеш во дречливо црвено.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа Кога Сиа имала 24 години, нејзиниот дечко загинал во сообраќајка. Поради загубат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg