„Не бев во Англија, бев во Лондон“ - Ова се најглупавите изјави на познатите личности
Секој од нас понекогаш кажува нешто глупаво. Кога тоа ќе се случи, можеме да очекуваме дека нашите пријатели ќе ни се смеат, но по некое време сите ќе заборавиме на кажаното.
Познатите личности го немаат овој луксуз. Доволно е да направат еден лапсус, за истиот да биде запаметен засекогаш.
Ова се некои од најглупавите изјави на познатите личности:
Шекил О'Нил
На прашањето дали го посетил Партенонот за време на своето патување во Грција, Шeкил одговори: „Не можам да се сетам на имињата на сите клубови во кои бевме“.
Бритни Спирс
„Никогаш немав желба да ја посетам Јапонија. Едноставно не сакам да јадам риба, а знам дека е многу популарна таму во Африка“.
Парис Хилтон
„Не, не, јас не бев во Англија. Бев во Лондон.“
Дејвид Бекам
„Дефинитивно ќе го крштеваме Бруклин (синот на Бекам). Само уште не сме решиле во која религија.“
Кристина Агилера
„Каде се одржува Канскиот филмски фестивал годинава?“
Џејден Смит
„Кога сите ученици во светот би го напуштиле училиштето, би имале многу поинтелигентно општество“.
Сиена Милер
„Јас ги сакам (цигарите). Ми се чини дека колку е попозитивен вашиот став кон пушењето, толку е помалку штетно за вашето тело “.
Арнолд Шварцегер
На прашањето дали ги поддржува истополните бракови Арнолд одговори: „Не, мислам дека геј браковите треба да бидат помеѓу маж и жена“.
Брук Шилдс
„Пушењето убива, а кога сте мртви, губите суштински дел од животот“.
Ашера | Црнобело
Би можело да ве интересира:





