Најубавите латински поговорки и нивното значење
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 19-02-2020


Најубавите латински поговорки и нивното значење

Сите многу добро го знаеме значењето на познатата латинска поговорка „veni, vidi, vici“, но дали знаете што значи „ars longa, vita brevis“?

najubavite-latinski-pogovorki-i-nivnoto-znacenje-001.jpg

Иако латинскиот јазик е познат како „мртов“ јазик, многу од неговите поговорки се користат до ден денес.

Многу често при читање на некоја книга или колумна ни се случува да се „сретнеме“ со некоја латинска поговорка и да не го знаеме нејзиното значење.

Затоа ние за вас ги издвоивме најубавите, воедно и најпознатите латински поговорки заедно со нивниот превод на македонски јазик.

Во продолжение прочитајте ги најубавите латински поговорки:

1. „Carpe diem“ – Зграпчи го денот.

2. „Ad astra per aspera“ – Преку трњата, до ѕвездите.

3. „De omnibus dubitandum“ – Сомневај се во сè.

4. „In absentia lucis, tenebrae vincunt“ – Во отсуство на светлината, темнината преовладува.

5. „Alea iacta est“ – Коцката е фрлена.

6. „Acta non verba“ – Дела, не зборови.

7. „Ars longa, vita brevis“ – Уметноста е долга, животот е краток.

8. „Aut viam inveniam aut faciam“ – Јас или ќе најдам начин или ќе направам еден.

9. „Faber est suae quisque fortunae“ – Секој човек е занаетчија на своето богатство.

10. „Lupus non timet canem latrantem“ – Волкот не се плаши од кучето што лае.

11. „Amore et melle et felle es fecundissimus“ – Љубовта е полна со мед и отров.

12. „In vino veritas“ – Во виното е вистината.

13. „Cogito ergo sum“ – Мислам, значи постојам.

14. „Veni, vidi, vici“ – Дојдов, видов, победив.

15. „Ex nihilo nihil fit“ – Од ништо не доаѓа ништо.

16. „Dum spiro spero“ – Додека дишам, се надевам.

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите мисли за мажите и жените: Ако имаш млада жена и старо вино, биди подготвен за полна куќа ... Колку и да се критикуваме меѓусебно, ниту жените можеме без мажите, ниту мажите ...
Најубавите цитати на Маја Анџелоу: Бидете виножитото во нечии облаци Таа е жена-борец во вистинска смисла, која ги рашири своите крилја за да го прег...
„Жената е столб на семејството“: Најдобрите цитати од Грејс Кели Сите ја знаеме како преубавата принцезата од Монако. Таа пред да стапи во брак с...