Психолошки факти кои ќе ви разјаснат многу работи за нашето однесување

Знаевте ли дека кога зборуваме странски јазик, настојуваме да си го менуваме карактерот?

psiholoshki-fakti-koi-kje-vi-razjasnat-mnogu-raboti-za-nasheto-odnesuvanje-01.jpg

Психологијата е обемна наука за која не знаеме многу работи.

Но, она што е познато ни разјаснува многу работи за нашето однесување.

Во продолжение неколку забавни психолошки факти:

Пријателите кои сте ги стекнале помеѓу 16 и 28 години, најверојатно ќе ви бидат пријатели целиот живот

За да можеме некој да го наречеме пријател, потребно е да поминеме барем 50 часа со него.

Се покажало дека на возраст помеѓу 16 и 28 години, имаме најмногу време и поголема е веројатноста да поминеме повеќе од 50 часа со познаниците.

Што значи, подоцна е потешко да се стекнат нови пријатели, а оние кои сме ги стекнале во овој временски интервал најверојатно ќе бидат доживотни, особено ако се на приближно иста возраст со нас.

psiholoshki-fakti-koi-kje-vi-razjasnat-mnogu-raboti-za-nasheto-odnesuvanje-02.jpg

Кога некое правило ни изгледа многу строго, повеќе сакаме да го прекршиме

Сигурно и сами сте забележале дека кога родителите ви забранувале нешто, вие од инает сте сакале да го направите токму тоа.

Изгледа дека нашата психологија има голем удел во ова.

Според една теорија, која постои уште од 1960-тите, кога некој ќе ни забрани нешто, ние чувствуваме како да губиме контрола, а со тоа и нашата слобода.

Па, за да си го вратиме чувството на слобода и контрола, посакуваме да го прекршиме правилото.

psiholoshki-fakti-koi-kje-vi-razjasnat-mnogu-raboti-za-nasheto-odnesuvanje-03.jpg

Нашиот однос со келнерите открива каква личност сме

Ова е нешто што веројатно и самите сте го забележале.

Кога некој е арогантен со келнери или генерално вработени во услужна дејност, тогаш значи дека е лоша личност.

Во очите на овие луѓе, оние кои работат во услужни дејности се инфериорни во однос на нив, па тие си даваат слобода да го истурат својот гнев врз нив, дури и за мали грешки.

Но, интересно е што неретко овие луѓе имаат проблем со несигурност и чувствуваат потреба да покажат доминантност, па оттаму неучтивото однесување кон келнери.

psiholoshki-fakti-koi-kje-vi-razjasnat-mnogu-raboti-za-nasheto-odnesuvanje-04.jpg

Колку сме посреќни, толку помалку сон ни треба

Науката има потврдено дека нивото на среќа има влијание врз квалитетот на сонот.

Што значи, ако сте среќни и задоволни од вашиот живот, навечер ќе спиете цврсто и нема да ви бидат потребни многу часови.

Од друга страна, стресот и чувството на незадоволство го нарушуваат сонот, па вие ќе се чувствувате уморно и по осум часа сон.

Од таа причина, ќе ви треба да спиете подолго.

Веројатно затоа и зголемената желба за сон е еден од честите симптоми на депресија.

psiholoshki-fakti-koi-kje-vi-razjasnat-mnogu-raboti-za-nasheto-odnesuvanje-05.jpg

Интелигентните луѓе имаат помалку пријатели

Луѓето со понизок коефициент на интелигенција имаат поголема потреба од интеракција со други луѓе бидејќи ова ги прави среќни.

Од друга страна, поинтелигентните луѓе се посреќни кога се со своите мисли.

Па, поради ова, интелигентните луѓе настојуваат да имаат помалку пријатели.

psiholoshki-fakti-koi-kje-vi-razjasnat-mnogu-raboti-za-nasheto-odnesuvanje-06.jpg

Луѓето кои зборуваат повеќе од еден јазик си го менуваат карактерот

Ако зборувате некој странски јазик, размислете дали се изразувате исто како и на македонски.

Нормално, со странскиот јазик можеби сте поограничени во однос на вокабулар, но и со самото тоа што зборувате на друг јазик размислувате малку поразлично.

Ова е потврдено и од истражување во кое учествувале жени кои зборувале шпански и англиски.

Кога зборувале шпански, тие биле поекстровертни за разлика од кога зборувале англиски.

psiholoshki-fakti-koi-kje-vi-razjasnat-mnogu-raboti-za-nasheto-odnesuvanje-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
8 митови во кои веруваме уште од детството (и вистината зад нив) Не смеете да влегувате во вода по бањање, Ајнштајн имал слаби оценки по математи...
Три брака, големи здравствени проблеми во детството - Каде е денес Сертаб Еренер, турската победничк... Сертаб Еренер е единствената претставничка на Турција која победи на Евровизија....
Мозокот не чувствува болка и уште 8 чудни факти за човечкото тело што звучат нереално Знаевте ли дека кога се прави трансплантација на бубрег, хирурзите не ги отстран...

Најчитани неделава