Три брака, големи здравствени проблеми во детството - Каде е денес Сертаб Еренер, турската победничка на Евросонг?
Сертаб Еренер е единствената претставничка на Турција која победи на Евровизија. Таа во 2023 ѝ го донесе на земјата единствениот евровизиски трофеј, со песната „Everyway That I Can“, кој е хит и денес. Што прави денес?

По победата на Евровизија, и следната, 2004 година, Сертаб Еренер се појави на ова натпреварување, со свое шоу во родниот Истанбул.
Но, годинава таа ги одби организаторите и рече дека нема да пее на јубилејниот 70-ти Евросонг, кој се одржува во Виена, Австрија.
И покрај тоа што не го збогати шоуто во финалето, таа е позната по својот активизам и борбата за враќање на Турција на Евровизија.

Сертаб и денес е вистинска миленичка на евровизиската публика, која ја обожава нејзината победничка песна.
Но, зад славата на Евровизија е приказната за девојка која пораснала со здравствени проблеми, класична музика и големи амбиции, и која со децении е една од најважните музички уметници во Турција.
Родена е на 4 декември 1964 година во Истанбул, а пораснала во семејство кое негувало љубов кон турската класична музика.
Нејзиниот татко ја крстил Сертеб по песната Ey Şûh-i Sertab.
Уште како девојче покажала интерес за музика и опера, но нејзиното детство не било лесно.

На рана возраст ѝ бил дијагностициран улцеративен колитис (хронична состојба која разултира со појава на воспаление и улцери на колонот и ректумот), па често завршувала во болница.
Музиката ѝ станала нејзино бегство и начин на изразување, а нејзината мајка ја охрабрила да се сврти кон пијаното и пеењето, особено во тешките моменти.
Подоцна Сертеб посетувала конзерваториум и студирала оперско пеење на Универзитетот за ликовни уметности „Мимар Синан“, каде што го развила својот препознатлив сопрански вокал.
Иако првично сонувала за оперска кариера, наскоро сфатила дека сака да ја доближи музиката до пошироката публика.

На крајот на 1980-тите, нејзиниот талент го препознала легендарната Сезен Аксу, една од најголемите ѕвезди на турската музика.
Сертаб прво ја одбила понудата да стане нејзин придружен вокал бидејќи веќе настапувала самостојно, но подоцна се согласила и тоа бил клучниот момент во нејзината кариера.
На почетокот на ‘90-тите го издаде својот деби албум „Sakin Ol!“, по што следеа низа успешни албуми на кои доминираа емотивни балади и комбинацијата на поп со елементи на традиционална музика.
Пред да победи на Евровизискиот натпревар, Сертаб двапати се обиде да ја претставува земјата преку националниот натпревар, но без успех.
