Три брака, големи здравствени проблеми во детството - Каде е денес Сертаб Еренер, турската победничка на Евросонг?

Но почетокот на 2000-тите, турската телевизија TRT, по години лоши резултати, ја покани Еренер да ја претставува земјата.

Таа веќе беше етаблирана ѕвезда и едно од најголемите музички имиња во Турција.

Песната „Everyway That I Can“ ја напишаа Сертаб и нејзиниот тогашен партнер, Демир Демиркан и беше револуционерна за Турција, бидејќи за првпат беше изведена целосно на англиски јазик.

Турција освои 167 поени и стигна до тронот на Евровизија.

Сертаб доби државна награда за заслуги, се сретна со тогашниот претседател и премиер, а песната стана голем европски хит.

По победата таа се обиде да продолжи со меѓународна кариера - го издаде албумот „No Boundaries“ за европскиот пазар, а победничката евровизиска песна се искачи на врвот на топ листите во Грција, Шведска и Турција.

Но со текот на времето, таа повторно се врати на турскиот пазар, каде критичарите ја нарекуваат една од најважните женски вокалистки на турската поп сцена.

Паралелно со музиката, таа се занимаваше и со хуманитарна работа, проекти за деца и образование, како и активности за правата на жените.

Учествуваше во кампањи на УНИЦЕФ и бројни социјално ангажирани проекти.

tri-braka-golemi-zdravstveni-problemi-vo-detstvoto-kade-e-denes-sertab-erener-turskata-pobednichka-na-evrosong-06.jpg

На приватен плам таа беше мажена трипати во текот на својот живот.

Најпознатата врска ѝ е со музичарот Демир Демиркан, со кого соработуваше на победничката евровизиска песна.

Парот беше еден од најпознатите на турската сцена со години пред да прекинат во 2014 година.

Една година подоцна, таа се омажи за гитаристот Емре Кула, со кого е сè уште во брак.

tri-braka-golemi-zdravstveni-problemi-vo-detstvoto-kade-e-denes-sertab-erener-turskata-pobednichka-na-evrosong-04.jpgСо сопругот Емре Кула

Иако настапи како гостинка на Евровизија во Малме во 2024 година, ја одби поканата да настапи на јубилејното 70-то издание, годинава во Виена.

Таа нагласи дека музиката треба да ги зближува луѓето, а не да биде средство за поделба, особено по случувањата со Израел-Палестина и Русија-Украина.

„Турција се повлече од Евровизија во 2013 година, но би сакала да ја видам својата земја како се враќа на натпреварот. Ова е важна платформа за културна размена и промоција на музика“, рекла таа.

tri-braka-golemi-zdravstveni-problemi-vo-detstvoto-kade-e-denes-sertab-erener-turskata-pobednichka-na-evrosong-03.jpeg

Во меѓувреме, не престанува да снима песни и спотови, но има и брокни коннцерти, не само во Турција и регионот, туку и низ целиот свет.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 прекрасни божиќни пораки кои денес можете да им ги испратите на блиските „Нека чудото на Божиќ ве придружува низ секој ден, исполнувајќи ви го животот со...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
8 митови во кои веруваме уште од детството (и вистината зад нив) Не смеете да влегувате во вода по бањање, Ајнштајн имал слаби оценки по математи...

Најчитани неделава