Легендите живеат вечно - 15 најдобри цитати на кошаркарскиот великан Коби Брајант (втор дел)

На 26-ти јануари, светот остана без еден од најголемите кошаркарски легенди, Коби Брајант и неговата ќеркичка Џиана, а семејството и колегите постојано објавуваат сеќавања од нив и им оддаваат чест на сите настани. 

Legendite-zhiveat-vechno-15-najdobri-citati-na-kosharkarskiot-velikan-Kobi-Brajant 01 630x340.jpg

По хеликоптерската несреќа, семејствата на Коби и останатите загинати, останаа во тага, колегите му оддаваат чест на натпреварите, ставаат тетоважи со бројот на неговиот дрес, а фановите пред Staples центар оставија огромен број спомени во негово сеќавање. 

Legendite-zhiveat-vechno-15-najdobri-citati-na-kosharkarskiot-velikan-Kobi-Brajant 02 630x380.jpg

Коби Брајант никогаш нема да биде заборавен по неговите успеси во кошарката, но и по неговите мудри зборови кои инспирирале огромен број луѓе. 

Во продолжение ви ги издвојуваме 15-те најдобри цитати на никогаш заборавениот кошаркарски крал:

„Најважно е да се обидете и да ги инспирирате луѓето, за тие да можат да бидат одлични во сѐ што сакаат“.

„Болката не ви кажува кога треба да престанете. Болката е малиот глас во вашата глава што се обидува да ве задржи, затоа што знае дека ако продолжите ќе се промените“.

„Ако сакате да бидете одлични во нешто, постои избор што треба да го направите. Она што сакам да го кажам е тоа дека постојат одредени жртвувања кои доаѓаат заедно со тоа. Време за семејство, дружење со пријателите, да бидете одличен пријател, да бидете одличен син, внук и што и да се бара од вас“.

„Ако работите, ако работите навистина напорно... Соништата се исполнуваат... И ако вие момци го разбирате тоа, тогаш сум ја исполнил мојата задача како татко.“

„Непријателите се еден од најдобрите проблеми. Никој не ги мрази добрите. Тие ги мразат најдобрите“.

Legendite-zhiveat-vechno-15-najdobri-citati-na-kosharkarskiot-velikan-Kobi-Brajant 03 630x380.jpg

„Тоа е единствена работа што можете да ја контролирате. Вие сте одговорни за тоа како луѓето ве паметат – или сепак нема да ве паметат“.

„Темата на лидерството е навистина чувствителна. Многу водачи не успеваат затоа што немаат храброст да го допрат тој нерв или да го погодат тој акорд. За време на моите години, јас го немав тој страв“.

„Кога велиме: ова не може да се постигне, тоа не може да се направи, тогаш ние самите се менуваме. Мојот мозок, не може да процесира неуспех. Тој нема да процесира неуспех. Затоа што, ако морам да седам таму, да се соочам со себеси и да си кажам; „ти си губитник“, сметам дека е речиси полошо од умирањето“.

„Ако не верувате во себе, никој нема да го стори тоа за вас“.

„Моментот кога ќе се откажете е всушност моментот кога ќе дозволите некој друг да победи“.

Legendite-zhiveat-vechno-15-najdobri-citati-na-kosharkarskiot-velikan-Kobi-Brajant 04 630x380.jpg

„Треба да пронајдете начин да инвестирате во иднината на вашето семејство и вашите пријатели. Ова звучи едноставно и можеби ќе помислите дека е нелогично, но одвојте малку време да размислите подлабоко. Реков: инвестирајте, а не: давајте“.

„Морав да ги организирам работите. Така ја создадов „Црната мамба“. Значи, Коби треба да се справи со овие прашања, сите лични предизвици. Црната мамба стапнува на теренот и го прави она што го прави. Ги уништувам сите што стапнуваат на теренот“.

„Ги гледав работите поинаку. Не сакав да го сторам тоа што го правеа другите. Тоа не ме мотивираше, не ме носеше во теретана пред останатите да се разбудат. Сакав да бидам подобар. Всушност, сакав да бидам уште подобар. Имаше играчи во кои гледав, сѐ додека не гo пронајдов „она“ во нивните очи. Знам дека еден ден, кога ја напуштив играта, не сакав да ја напуштам. Сакав да оставам белег“.

„Луѓето едноставно не разбираат колку сум јас опседнат со победата“.

„Не сакам да бидам следниот Мајкл Џордан, само сакам да бидам Коби Брајант“.

legendite-zhiveat-vechno-15-najdobri-citati-na-kosharkarskiot-velikan-kobi-brajant-005.jpg

Мила М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg