„Ненасилството е моќно и праведно оружје“ - 7 инспиративни цитати на Мартин Лутер Кинг

Мартин Лутер Кинг бил познат поборник за граѓанските права, кој во 60-те години на минатиот век се борел за еднаквост на Афроамериканците и подобрување на нивната позиција во САД.

7-inspirativni-citati-na-martin-luter-king-01_copy.jpg

Лутер Кинг бил познат по своите инспиративни говори, а најпознатиот (I have a dream) го одржал во Вашингтон на 28 август, 1963 година. 

Ова се 7 инспиративни цитати на Мартин Лутер Кинг:

„Функцијата на образованието е да нè научи да размислуваме интензивно и критички. Интелигенцијата и создавањето карактери се целите на вистинското образование.“

„Сè што директно влијае врз поединецот, индиректно влијае врз сите заедно. Никогаш нема да станам она што сакам, сè додека ти не станеш она што сакаш. Тоа е меѓусебно поврзаната структура на нашата реалност.“

„Историјата ќе забележи дека најголемата трагедија на овој период на социјална транзиција не била острата реакција на лошите луѓе, туку ужасната тишина на добрите луѓе.“

7 inspirativni citati na Martin Luter King 02

„Најважното прашање во нашите животи е - Што е тоа што го правиме за другите?“

„Никогаш не подлегнувајте на искушението на горчината.“

7 inspirativni citati na Martin Luter King 01

„Ненасилството е моќно и праведно оружје. Тоа е единственото оружје во историјата што сечe без да повреди.“

„Во пеколот е резервирано посебно место за оние кои се неопределени во време на голем морален конфликт.“

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...

Најчитани неделава