Најомразениот пронајдок без кој не можеме да живееме - 10 факти за алармот кои веројатно не ги знаете

Стуткани во меката постела, гушкајќи го топлиот јорган, сонувајќи за убавините кои ни ги пружа животот, се чини дека не може да е посовршено... И одеднаш: „Ѕѕѕрррр!!!“

najomrazeniot-pronajdok-bez-koj-ne-mozheme-da-zhiveeme-10-fakti-za-alarmot-za-koi-verojatno-ne-ste-slushnale-001.jpg

Исчезнува. Одеднаш сѐ запира и сета таа бајковита идила добива друга димензија.

Би дале сѐ на светот тоа да не биде вистина, би дале сѐ само кога би можеле да го притиснете „магичното“ копче за исклучување, да се свртите на другата страна и да продолжите да спиете.

Но, за жал тоа е невозможно. Алармот заѕвони. Време е да станете.

При спроведена американска анкета, дури 67% од луѓето потврдиле дека им се случило да го скршат нивниот будилник или пак телефонот поради утринскиот аларм.

Можеби и вие сте едни од нив?

Како и да е, мора да признаеме дека алармот е пронајдок кој навистина ни е неопходен.

Во продолжение ви прикажуваме 10 факти во врска со најомразениот пронајдок кои веројатно не сте ги знаеле:

1. Првиот американски будилник е создаден од Леви Хачерс од Њу Хемпшир, во 1787 година.

Уред кој тој го направил само за себе и тој ѕвонел само во 4 часот наутро, за да го разбуди за работа.

Овој пронајдок бил од особено значење за земјоделците кои започнувале со работа уште во зори.

2. Леви Хачерс бил убиен од страна на својата сопруга, едно студено утро во Англија.

Верувале или не, стрелките на часовникот покажувале точно 04:05 часот, што значи неколку минути по заѕвонувањето на будилникот.

3. Пред будилникот, постоела професија за будење.

Работникот имал обврска да тропа на вашата врата сѐ додека не се разбудите.

4. Францускиот пронаоѓач Антоан Редиер бил првиот што го патентирал прилагодливиот механички часовник за аларми.

Ова се случило во 1847 година, 60 години по пронајдокот на Леви.

5. Постои христијански будилник.

Овој будилник ѕвони само во недела и служи како потсетник за заминување во црква.

6. За да се подготвите за стресот од будењето, вашето тело ослободува „коктел“ од хормони на стрес, како на пример кортизол.

Постепено, вашиот сон станува сѐ полесен и полесен. Всушност, затоа честопати се случува да се разбудите пред вашиот аларм. Телото го мрази вашиот будилник.

najomrazeniot-pronajdok-bez-koj-ne-mozheme-da-zhiveeme-10-fakti-za-alarmot-za-koi-verojatno-ne-ste-slushnale-002.jpg

7. Доколку вашиот аларм не може да ве разбуди, вие го доживувате таканареченото „пијанство во сон“.

Поинаку се нарекува и конфузно возбудување.

Во овој случај, личноста може да биде дезориентирана, да не реагира, да има бавен говор или збунето размислување, па дури и да функционира со затворени очи.

Конфузното возбудување е најчесто застапено кај децата.

Клиниката Кливленд проценува дека ова се случува и кај 1 од 7 возрасни особи, но вистинскиот број на луѓе може да биде многу поголем.

8. Не постои сомнеж во тоа дека природната светлина е вашиот најдобар будилник.

Според истражувањето на Националниот институт за индустриско здравје во Јапонија и покрај популарноста на употребата на будилникот, неговата бучава може да биде навистина стресна за вашето срце.

Наглото будење може да предизвика покачување на крвниот притисок и забрзани отчукувања на вашето срце.

Затоа, внимавајте при одбирањето на мелодијата и јачината на вашиот аларм.

Najomrazeniot-pronajdok-bez-koj-ne-mozheme-da-zhiveeme-10-fakti-za-alarmot-za-koi- 03 630x340.jpg

9. Денес, покрај најактуелните аларми во вид на телефонски апликации, постојат многу видови на будилници.

Постои будилник кој дава електричен удар, будилник вграден во вашиот кревет, чиј механизам е направен така да ве исфрли од него.

Будилник произведен од Лумие постепено ја осветлува просторијата, исто како природната сончева светлина.

Верувале или не, постои и будилник во големина на дланка која ве гали за да се разбудите.

Najomrazeniot-pronajdok-bez-koj-ne-mozheme-da-zhiveeme-10-fakti-za-alarmot-za-koi- 02 630x340.jpg

10. Шегата на страна, многумина од луѓето навистина ги презираат алармите поради тоа што тие им враќаат некои застрашувачки спомени од нивното детство.

Повеќе научни студии докажаа дека дури и да ја одберете мелодијата од вашата омилена песна, таа со тек на време ќе ви стане одбивна, исто како и онаа од вашиот претходен аларм.

„Звукот од алармот навистина ме уморува“, вели Мајк, еден од асистентите на Оксфордскиот универзитет.

Мила М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg