10 факти за неверојатните жени од НАСА

Жена е дел од програмата Expedition 60

Моментално, на Меѓународната вселенска станица има 6 астронаути кои се дел од програмата Expedition 60. Една од нив е Кристина Кох.

Оваа програма вклучува истражувања за биологијата, човечкото тело, физичките науки и технологиите.

Експериментите се состојат и од 3Д печатење на ткиво кое наликува на органско, во микрогравитација.

10-fakti-za-neverojatnite-zheni-od-nasa-07.JPG

Жени го надминале Џон Глен на тестовите за летање

Пред Џон Глен да замине во вселената во раните 1960-ти, група жени ги поминале истите тестови како и него.

Една од нив, Воли Фанк, дури и ги опиша тестовите:

„Немаше ни едно влакно, заб, кожа, нокт… дел од моето тело кој не беше тестиран, прободуван. Сакаа да знаат од што е направена секоја жена во програмата, исто како што им правеа и на мажите.“

Интересно е што повеќето жени имале подобри резултати од Глен и неговите колеги.

10-fakti-za-neverojatnite-zheni-od-nasa-08.JPG

Кити О’Брајен ја дефинира модерната аеронаутика

Покрај тоа што е првата жена која завршила инженерство на универзитетот Virginia, Кити стана и првата жена инженер во НАСА, во далечната 1939-та.

За време на нејзината 32-годишна кариера, таа специјализирала за механика на аеротунели и тестирала нови дизајни на летала пред да се пуштат во употреба.

10-fakti-za-neverojatnite-zheni-od-nasa-09.JPG

За телескопот Хабл е заслужна жена

Позната како „мајката на Хабл“, Ненси Грејс Роман е една од првите жени кои станале извршни директори на НАСА.

Во период кога многу малку жени работеле за НАСА, Ненси развила неколку програми и помогнала во лансирањето на 3 соларни опсерватории и 3 мали астрономски сателити.

Таа е заслужна и за неколку научни откритија, како фактот дека ѕвездите се направени од водород.

10-fakti-za-neverojatnite-zheni-od-nasa-10.JPG

Жената која помогна во лансирањето на Apollo 11

На 16-ти јули 1969-та е направена иконска фотографија од контролниот центар на НАСА, каде што инженерите го гледаат лансирањето на Apollo 11. Навидум, на фотографијата има само мажи, но ако се загледате, во средината ќе забележите и една жена – Џоан Морган.

Џоан не само што била контролор за лансирањето на ракетата, туку може да се пофали и со навистина импресивна кариера во НАСА. Таа била првата жена шеф на оддел на НАСА, но и првата жена извршител на вселенскиот центар Кенеди.

10-fakti-za-neverojatnite-zheni-od-nasa-11.jp.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg