Се возат во јавен превоз, носат скромна облека – Факти за норвешкото кралско семејство

Целиот свет будно ги следи чекорите на британското кралско семејство. И покрај тоа што во светот постојат неколку монархии, поради некоја причина, Британците привлекуваат најмногу внимание.

fakti-za-norveshkoto-kralsko-semejstvo-shto-kje-ve-nateraat-da-go-sakate-povekje-od-britanskoto-01.JPG

Но, едно од кралските семејства за кое навистина вреди да се зборува е она од Норвешка.

Во продолжение погледнете неколку факти за норвешкото кралско семејство што ќе ве натераат да го засакате:

Најсиромашно кралско семејство

Знаевте ли дека кралот на Норвешка е еден од „најсиромашните“ монарси на Земјата? 

Во споредба со другите кралски семејства во Европа, неговото семејство е најскромно. Сите се облекуваат едноставно, дури и на важни настани, па неретко луѓето не ги ни препознаваат.

Она што е уште поважно, тие не заработуваат од данокот на луѓето, туку заработуваат сами.

fakti-za-norveshkoto-kralsko-semejstvo-shto-kje-ve-nateraat-da-go-sakate-povekje-od-britanskoto-02.jp.JPG

Кралот Харалд V жртвувал сè за љубов

Харалд и Соња надминале многу пречки за да бидат заедно и денес, нивниот брак е еден од најсилните помеѓу кралските семејства.

Тие се запознале на забава кај заеднички пријател и тој период Соња била продавачка која сонувала да стане моден дизајнер.

Парот ја криел љубовта цели 9 години, бидејќи таткото на Харалд, Олав V, никако не дозволувал син му да биде во врска со обична девојка.

Но, благодарение на медиумите, нивната врска стана јавна, а целата држава го поддржуваше изборот на престолонаследникот.

Кога Харалд повеќе не можел да го издржи притисокот од татко му, изјавил дека или ќе се венча со Соња, или цел живот ќе биде ерген. Со оваа одлука, тој се откажувал и од тронот.

На крај, татко му попуштил и Харалд и Соња се можеби најсреќниот кралски пар.

fakti-za-norveshkoto-kralsko-semejstvo-shto-kje-ve-nateraat-da-go-sakate-povekje-od-britanskoto-03.JPG

Синот на кралот се венчаше со самохрана мајка

Принцот Хокон како да ги следел стапките на татко му – и тој се вљубил во обична девојка која ја запознал на музички фестивал.

Но, Мете-Марит имала вонбрачен син, а во младоста се случувало да проба нелегални супстанци.

Општеството не било подготвено да ја прифати како партнерка на принцот, но тој свика прес-конференција на која зборуваше за нивната љубов.

Искреноста на парот ги убеди Норвежаните дека нивната љубов сепак е судена.

Денес тие имаат две нивни деца, а принцот се грижи и за синот на Мете-Марит.

fakti-za-norveshkoto-kralsko-semejstvo-shto-kje-ve-nateraat-da-go-sakate-povekje-od-britanskoto-04.JPG

Принцезата Ингрид Александра е идната кралица на Норвешка

Принцезата Ингрид ќе ја промени историјата – освен неа, Норвешка имала само една кралица, и тоа на крајот на 14-тиот век. Ова значи дека Ингрид ќе биде првата норвешка кралица во последните 6 века!

fakti-za-norveshkoto-kralsko-semejstvo-shto-kje-ve-nateraat-da-go-sakate-povekje-od-britanskoto-05.JPG

Семејството има одлична смисла за хумор

Принцот Хокон не се срами да кажува шеги дури и на официјални настани.

На пример, на годишнината на неговите родители тој исчезна, за повторно да се појави, но без неговата брада. Принцот никогаш претходно ја немал избричено брадата.

На едно појавување на семејството на балконот, принцот и сопругата почнаа да пеат со детскиот хор, а принцот дури и танцуваше.

Принцот Свере ја наследил смислата за хумор од татко му и на истиот настан правеше секакви гримаси.

fakti-za-norveshkoto-kralsko-semejstvo-shto-kje-ve-nateraat-da-go-sakate-povekje-od-britanskoto-06.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Роден е од афера со стјуардеса, не може да го наследи тронот - Кој е вонбрачниот син на принцот Албе... „Мојот татко ме призна кога бев бебе, и тоа беше доброволно - не поради тоа што ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...

Најчитани неделава