Барала ВИП третман во неразвиени земји, ја следат скандали – Која е вистинската Мадона?

Културно присвојување

Последниве неколку години светот е почувствителен на таканареченото културно присвојување.

Мадона, пак, стана места на критики кога се појави со традиционална африканска облека на MTV VMA 2018.

izvonerden-uchenik-bezbroj-skandali-fakti-shto-kje-vi-pomognat-da-otkriete-koja-e-vistinskata-madona-10.jpg

Доцни на нејзините концерти

Кога сте суперѕвезда и имате полн распоред, нормално е некогаш да задоцните.

Но, Мадона без проблем доцни дури и по еден час. Во 2015-та, откако задоцни на нејзиниот концерт во Манчестер, фановите буквално ја „исвиркаа“.

izvonerden-uchenik-bezbroj-skandali-fakti-shto-kje-vi-pomognat-da-otkriete-koja-e-vistinskata-madona-11.jpg

Непочитување на знамето на Порторико

Навистина е добро кога ќе видите дека некоја позната личност покажува почит кон државата во која настапува. Но, како би се чувствувале ако некоја позната личност покаже целосно непочитување кон вашата нација?

Во 1993-та, Мадона настапуваше во Порторико, иако власта не ѝ го дозволи тоа. Поради забраната, таа реши да провоцира така што се појави на сцената со знамето на Порторико.

izvonerden-uchenik-bezbroj-skandali-fakti-shto-kje-vi-pomognat-da-otkriete-koja-e-vistinskata-madona-12.jpg

Богохулење во музички спот

Многу спотови на Мадона предизвикаа скандали, но можеби најконтроверзен е спотот за Like A Prayer.

Во видеото има сцена каде што Мадона танцува пред запалени крстови. Откако спотот беше објавен, Католичката црква, но и верниците ширум светот беа навистина навредени.

izvonerden-uchenik-bezbroj-skandali-fakti-shto-kje-vi-pomognat-da-otkriete-koja-e-vistinskata-madona-13.jpg

Случаен британски акцент

Во зависност од тоа каде живеете и со кого се дружите, вашиот акцент може да се промени. Ова најчесто се забележува кај актерите кои доаѓаат од Австралија или Англија во САД.

Сепак, вистинска реткост е некој Американец да развие британски акцент. Но, поради некој причина, ова ѝ се случи на Мадона.

izvonerden-uchenik-bezbroj-skandali-fakti-shto-kje-vi-pomognat-da-otkriete-koja-e-vistinskata-madona-14.jpg

Извонреден ученик

Ретко кога ги поврзуваме познатите со добар академски успех, но секогаш има исклучоци. Наводно, Мадона била извонреден ученик со многу добри оценки.

Таа дури добила и стипендија за танцување, што ѝ овозможила да се запише на Универзитетот во Мичиген. Сепак, се откажала од студиите за да стане пејачка.

izvonerden-uchenik-bezbroj-skandali-fakti-shto-kje-vi-pomognat-da-otkriete-koja-e-vistinskata-madona-15.jpg

Актерска кариера

Понекогаш познатите градат кариера во неколку области, а Мадона се обиде да заплива во актерските води.

Во 1996-та таа ја доби главната улога во мјузиклот Evita и заврши одлична работа. Но, во 2002-ра се појави во филмот на нејзиниот тогашен сопруг Гај Ричи. Филмот Swept Away заработи едвај половина милион долари.

izvonerden-uchenik-bezbroj-skandali-fakti-shto-kje-vi-pomognat-da-otkriete-koja-e-vistinskata-madona-16.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...

Најчитани неделава