Не ги покажуваат децата, сакаат улоги во ист филм – Факти за Пенелопе Круз и Хавиер Бардем


Не ги покажуваат децата, сакаат улоги во ист филм – Факти за Пенелопе Круз и Хавиер Бардем

Сите знаат кои се Хавиер Бардем и Пенелопе Круз. И двајцата се одлични актери со многу добри филмски остварувања, но кога се заедно се уште поневеројатни.

akterot-se-plashel-od-nejziniot-temperament-ineresni-fakti-za-vrskata-na-havier-bardem-i-penelope-kruz-01.jpg

Пенелопе и Хавиер се венчаа во 2010-та и заедно имаат две деца. И двајцата се обидуваат да ја зачуваат нивната приватност, но одвреме-навреме сакаат да зборуваат за нивната врска.

Во продолжение прочитајте неколку слатки факти за врската на Хавиер и Пенелопе:

Се познавале со години пред да ја започнат врската

Хавиер и Пенелопе се вљубиле за време на снимањето на „Vicky Cristina Barcelona“, но се познавале долго пред тоа.

Првпат се сретнале на сетот на филмот „Jamon Jamon“ во 1992-ра. Врската ја започнале дури 12 години подоцна.

akterot-se-plashel-od-nejziniot-temperament-ineresni-fakti-za-vrskata-na-havier-bardem-i-penelope-kruz-02.jpg

На почетокот Хавиер се плашел од Пенелопе

Познато е дека Пенелопе е емотивна личност која сака да ги искажува своите чувства. Но, на почетокот Хавиер се плашел од тоа.

Актерот сфатил дека Пенелопе е темпераментна жена, па се прашувал дали е подготвен за нешто такво.

akterot-se-plashel-od-nejziniot-temperament-ineresni-fakti-za-vrskata-na-havier-bardem-i-penelope-kruz-03.jpg

Приземјен пар

Пенелопе и Хавиер не се вообичаениот холивудски пар. Всушност, многу ретко ќе слушнете за нив на социјалните мрежи или медиумите.

Најчесто, и двајцата актери споделуваат објави за проектите на коишто работат, а речиси никогаш за нивните приватни животи.

akterot-se-plashel-od-nejziniot-temperament-ineresni-fakti-za-vrskata-na-havier-bardem-i-penelope-kruz-04.jpg

Еднаквост

Пенелопе откри дека и таа и Хавиер добиле иста сума пари за филмот „Everybody Knows“.

Периодов се зборува доста за нееднаквоста помеѓу половите, особено кога станува збор за плата, па добро е да се слушне некоја ваква вест.

akterot-se-plashel-od-nejziniot-temperament-ineresni-fakti-za-vrskata-na-havier-bardem-i-penelope-kruz-05.jpg

Одбиваат да ја продадат нивната приватност

Парот има две деца – Луна и Лео, а актерите повеќе се грижат за приватноста на децата отколку за нивната.

„Никогаш нема да видите фотографија од моите деца на Instagram. Никогаш нема да го направам тоа. Чувствувам дека сум должна да ја зачувам нивната приватност.“

akterot-se-plashel-od-nejziniot-temperament-ineresni-fakti-za-vrskata-na-havier-bardem-i-penelope-kruz-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовни афери и скандали: 12 причини зошто Тајгер Вудс не е најдобриот татко за своите деца Неговите деца Сем и Чарли, кои живеат на Флорида со нивната мајка Елин, одат на ...
Цитати за ситуациите кога сте разочарани и немате сила да продолжите во потрагата по љубов Љубовта е прекрасна, но умее и да боли, а понекогаш имате чувство на разниш...
11 мрачни работи за Том Круз кои Кејти Холмс ги крие од нивната ќерка Откако фанови му праќаа фотографии од пораснатата Сури, Том изјави: „Престанете ...

Спонзорирани линкови:

Најчитани неделава