Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Понекогаш, среќните спомени болат најмногу“ – 10 моќни цитати за болката

Речиси сите ја знаеме приказната за таткото кој на смртната постела му оставил 2 кутивчиња, едно црно и едно бело, на својот син.

10-mokjni-citati-za-bolkata-01.jpg

Му оставил аманет дека белото кутивче треба да го отвори кога ќе му биде најтешко. А црното кога ќе се чувствува најубаво.

Секако момчето се соочило со двете ситуации. Тогаш кога се чувствуваш најсреќно и тогаш кога си на дното. Отворајќи ги двете кутивчиња во различни околности, открил дека во нив се крие истата запишана порака: „И ова ќе помине“.

За сите кои се соочуваат со болка поради различни причини во животот, прочитајте ги овие 10 моќни цитати и не заборавајте – „Што и да е - ќе помине“:

Ако треба да повредите други луѓе за да се чувствувате моќно тогаш вие сте исклучително слаба личност.

Понекогаш работите што најмногу болат нè учат на најдобрите лекции.

Ништо не боли повеќе отколку разочарувањето од личноста за која мислевте дека никогаш нема да ве повреди.

Понекогаш, среќните спомени болат најмногу.

А што може поетот да создаде доколку не чувствува болка? Болката е подеднакво важна како и машината за пишување.

10-mokjni-citati-za-bolkata-02.jpg

Бидете меки. Не дозволувајте светот да ве направи тврди. Не дозволувајте болката да ве натера да мразите. Не дозволувајте горчината да ви ја украде сласта. Бидете горди на тоа што и понатаму верувате дека светот е прекрасно место, дури и кога остатокот од светот не се согласува со вас.

Болката е неизбежна, страдањето го одбираме самите.

Одредена доза на страдање е неопходен дел од животот – без тоа, не може да се роди сочувство во нас.

Ништо добро не се појавува на овој свет без одредена количина болка, фрустрација и страдање. Ова е дел од природата на нештата.

Не треба да се чувствуваме виновни кога чувствуваме болка. Боли и само треба да признаете дека боли. Но, во реалноста, дури и среде силната болка, можете да почувствувате нежност и внимание на луѓето кои се грижат за вас.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Почесто бирај да те боли увото, отколку главата“ и уште 14 мудри поуки „Не е важно колку си убава, туку кому си му убава“. „Додека ти го гледаш туѓиот ...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
„Ги оставам луѓето кои не ме ценат - ја знам својата вредност“: Моќни цитати од легендарниот Ентони ... „Учам да не се срамам од моите емоции. Моите емоции ме прават маж“ - вели еден о...
8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки м...
„Нема поголема тага од сеќавањето на среќата во моменти на несреќа“ и уште 10 цитати за болката „Да продолжиш понатаму не значи да заборавиш, туку да научиш да живееш со празни...
Трогателни цитати кои ќе ве потсетат дека не сте сами во вашата тага „Колективната болка нè потсетува дека не сме сами и дека нашето скршено срце е п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg