Трогателни цитати кои ќе ве потсетат дека не сте сами во вашата тага

„Колективната болка нè потсетува дека не сме сами и дека нашето скршено срце е поврзано со секое срце кое искусило болка“.

trogatelni-citati-koi-kje-ve-potsetat-deka-ne-ste-sami-vo-vashata-taga-01.jpg

Загубата на сакана личност е едно од најтешките нешта со коишто можеме да се соочиме.

Кога станува збор за голема трагедија, како пожарот во дискотеката во Кочани, болката е уште поголема и дури и ние да не сме изгубиле некој близок, се сочувствуваме со тагата на другите.

Неколку трогателни цитати кои ќе ве потсетат дека не сте сами додека тагувате:

„Колективната болка нема да нè спаси од тагата, туку нè прави присутни. Овие мигови нè потсетуваат дека не сме сами во нашата темнина и дека нашето скршено срце е поврзано со секое срце кое искусило болка“ – Брене Браун.

„Нашето молчење за тагата не ни е од корист. Не можеме да закрепнеме ако не можеме да тагуваме. Не можеме да простиме ако не тагуваме. Бегаме од тагата бидејќи ни е страв од загуба, но нашите срца сакаат да тагуваат бидејќи скршените делчиња сакаат да се спојат“ – Брене Браун.

„Болно е да се живее откако некој ќе умре. Болно е да станете од кревет или да го отворите фрижидерот. Болно е да облечете чорапи, да си ги измете забите. Храната нема вкус. Музиката боли, исто како и сеќавањата.

Ќе погледнете кон нешто убаво – како зајдисонце или детска радост – но и тоа само ја продлабочува загубата. Тагувањето може да направи да се чувствувате осамено“ – Мишел Обама.

„Тагувањето е како океан, доаѓа во бранови. Некогаш водата е мирна, но некогаш е бурна. Сè ние што можеме да направиме е да научиме да пливаме“ – Вики Харисон.

„Тагата е цената што ја плаќаме за љубовта“ – кралицата Елизабета Втора.

trogatelni-citati-koi-kje-ve-potsetat-deka-ne-ste-sami-vo-vashata-taga-02.jpg

„Кога ќе умре личност што ја сакате, неочекувано, не ја губите таа личност одеднаш. Губите делчиња од неа на долг период – престануваат да стигаат писма за неа, нејзиниот мирис испарува од перниците, дури и од облеката во гардероберот.

Постепено ги акумулирате делчињата од неа што повеќе ги нема. И, тогаш ќе дојде ден кога ќе почувствувате дека таа личност ја нема, засекогаш“ – Џон Ирвинг.

„Доволно знам за загуба за да сфатам дека никогаш не престанува да ви недостасува некој – само учите да живеете со големата дупка од неговото отсуство“ – Алисон Ноел.

„Тагата си го менува обликот, но никогаш не исчезнува“ – Киану Ривс.

„Тагата е чудно нешто – многу сме беспомошни пред неа. Тагата е како прозорец кој се отвора кога сака. Собата станува студена, а ние не можеме да направиме ништо освен да се тресеме од студ.

Но, секојпат прозорецот се отвора сè помалку и помалку…“ – Артур Голден.

„Кога некој што го сакаш станува спомен, тој спомен станува богатство“ – непознат автор.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
8 фрази кои е во ред да ги кажете кога некому му починала блиска личност „Тој/таа беше прекрасна личност. Ги ценам моментите што ги имав со него/неа (и с...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Ѝ раскина кога почна да се заљубува во неа - Љубовната приказна на Иванка Трамп и Џаред Кушнер „Кога ѝ раскинав на Иванка, таа ми рече дека тоа е најлошата одлука во мојот жив...
Мозокот не чувствува болка и уште 8 чудни факти за човечкото тело што звучат нереално Знаевте ли дека кога се прави трансплантација на бубрег, хирурзите не ги отстран...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg